Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Жетвата на јачменот е во полн ек во Штипско и Овче Поле
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Жетвата на јачменот е во полн ек во Штипско и Овче Поле
Агровести

Жетвата на јачменот е во полн ек во Штипско и Овче Поле

Објавено 22/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Combine harvester working in the wheat field.
Сподели
Ad imageAd image

Жетвата на јачменот во Штипско и Овче Поле е во полн ек, а речиси 50 проценти од површините веќе се ожнеани. Гоце Серафимов, потпретседател на Асоцијација на земјоделци, вели дека откупната цена, понудена од откупувачите е од 9 до 10 денари за килограм и е незадоволителна, бидејки не ги покрива трошоците за производство. Земјоделците во пресрет на жетвата на пченицата бараат откупната цена да не биде под 16 денари за килограм.Проценките, според нив се дека приносите на пченицата ќе бидат околу два и пол тона по хектар, а на јачменот околу три тона. 

-Жетвата е веќе во полн ек за јачменот, за скоро ќе започне и на пченицата. Јачменот веќе 50 посто е завршен. Цената на јачменот веќе има понудено од откупувачите и се движи од 9 до 10 денари. За пченицата се уште не знаеме, немаме никаков податок која ќе биде цената, сега за сега е тоа. Па производителите бараат да не биде под 16, затоа што под тоа ќе бидат во загуба, бидејќи тука Овче Поле, Штипско, Пробиштипско, ќе имаме мал принос да речеме на пченица, нема да биде повеќе од два и пол тона по хектар, а за јачменот три тона по хектар. И кога ќе направиме производна цена, излегува дека треба да е 19 денари производната цена или 18 – изјави Серафимов.

Земјоделците велат дека годинава родот е послаб поради слабите пролетни дождови и сушата. Серафимов додава дека земјоделците се надеваат оти во наредниот период состојбата ќе се подобри. Очекуваат откупувачите да излезат со повисоки цени, особено за пченицата која допрва ќе се жнее.

МИА

- Реклама -
Ad image

Може да ви се допадне

Иротова: Трактор купен со државна помош во 2023 година бил продаден, парите мора да се вратат во буџетот
Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови
Потврден првиот случај на птичји грип сезонава во Јапонија, ќе бидат уништени 200 илјади кокошки
Делегација на шумарски експерти од Австрија го посети НП Маврово
Управувањето со пожари на ниво на предел како потенцијална алатка за регионална соработка на Западен Балкан
Таг:жетватајачменотОвче Полеполн екШтипско
Претходен напис Цената на бензините се намалува 3,5 и 4 денари, на дизелот за 7 денари
Следен напис Невреме со грмотевици предизвика серија пожари во Далмација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?