Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерката Божиновска најави кампања за промоција на македонскиот рубин
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерката Божиновска најави кампања за промоција на македонскиот рубин
Агровести

Министерката Божиновска најави кампања за промоција на македонскиот рубин

Објавено 18/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кампања за промоција на македонскиот рубин во европски и светски рамки, најави денеска министерката за енергетика, Сања Божиновска, откако на брифинг со новинарите соопшти дека овој наш, уникатен полускапоцен камен е и официјално заштитен.

Како што рече Божиновска, предвидено е да се заштитат и одредени видови мермер, за што допрва ќе се разговара со Геолошкиот завод и Секторот за минерални суровини и геологија.

Според Божиновска, со оглед на актуелните ниски берзански цени и зголемените количини електрична енергија од обновливи извори, во наредниот период може да се очекува поевтинување. Но, држават

-Денеска добивме добра вест, македонскиот рубин е конечно заштитен. Македонија го заштити македонскиот рубин. Од денеска имаме бренд и ќе правиме кампања за да дознаат и Европа и светот дека и ние имаме со што да се пофалиме. Македонскиот рубин е единствен рубин во Европа. Планираме заштита и на мермерите, но понатаму ќе видиме со Геолошкиот завод и со Секторот за минерални суровини и геологија што се може да заштитиме. Како држава мора да водиме грижа за се што поседуваме, истакна Божиновска, додавајќи дека јавноста ќе биде навреме информирана за натамошните активности за промоција на македонскиот рубин.

Според решението од  Државниот завод за индустриска сопственост, се заштитува географскиот назив „Македонски рубин“ со географска ознака за производот полускапоцен камен рубин кој потекнува од поширокото прилепско подрачје во рамките на Пелагонискиот масив.

Рубинот што се вади во Македонија е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розова боја, што се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структура. Се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово, што го прави единствен природен рубин во копнена Европа што се обработува локално. Покрај својата естетска и колекционерска вредност, македонскиот рубин претставува дел од културното и историското наследство на земјата – симбол на природната убавина и национална гордост.

Активностите за заштита на македонскиот рубин почнаа во септември 2025 година.

МИА

Може да ви се допадне

Македонски експерти ја утврдуваат фактичката состојба со старите моликови шуми на Пелистер
Нова инвестиција на „Пурпласт“ вредна 15 милиони евра, до 200 нови работни места
Трајков: Европската иднина на Македонија се гради преку знаење, реформи и соработка
Вицегувернерот Величковски: Eдноставни и евтини дигитални решенија за поголемо прифаќање електронски плаќања кај малите трговци
МЗШВ учествуваше на првиот Македонско-Романски економски бизнис форум
Таг:Божиновскакампањамакедонскиот рубинпромоција
Претходен напис Нова инвестиција на „Пурпласт“ вредна 15 милиони евра, до 200 нови работни места
Следен напис Македонски експерти ја утврдуваат фактичката состојба со старите моликови шуми на Пелистер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?