Младиот брчен пар, Дарио и Силвија, заедно со нивниот син останале да живеат во едно мало истарско село во Хрватска, оддалечено 4 километри од Опртља, само поради земјоделството. Тие одлучиле да ја продолжат старата семејна традиција и да одгледуваат лук.

„Започнавме со мали количини, некаде околу 70 – 80 килограми и видовме дека се исплаќа. Потоа постепено ги зголемуавме количините така што ланската година насадивме 950 килограми“-раскажува Дарио.

Има многу заинтресирани купувачи за нивниот традиционален истарски лук , затоа што како што велат тие, голема е разликата помеѓу увезениот кинески лук и домашниот истарски лук.
За сопругата Силвија, големо откритие претставуваат т.н. „паски“. Тоа се всушност младите цветни стебленца на лукот, и во овој дел од Истра традиционално се користат за јадење. Годинава за прв пат одлучиле да ги конзервираат во тегли, за да траат подолго. За овој нивен специјалитет луѓето покажале навистина голем интерес.

Во продолжение погледнете го видеото:
