Во текот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде променливо облачно и нестабилно , на повеќе места со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално има услови за поинтензивни атмосферски процеси проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, особено во попладневнире часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 28 степени.
Потоа во следните денови во претпладневните часови ќе имаме повеќе сончеви периоди, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност проследена со порон дожд, грмежи засилен ветер и услови за локална појава на град. Сепак и покрај ова температурите нема многу да се менуваат и ќе останат типични за овој дел од годината. Што значи ќе биде и понатаму нормално топло за овој дел од годината, односно температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
Временскта прогноза ја подготви Славчо Попоски

