Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство
Органско производство

Закон за органско производство: Барања за органско сточарско производство и органско пчеларство

Објавено 03/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Законот за органско земјоделско производство беше усвоен во Собрание, означувајќи важен чекор кон развојот на земјоделството и усогласувањето на државата со европските стандарди.

Овој закон создава модерна и појасна рамка за развој на органското производство, зајакнувајќи го системот на контрола и транспарентноста на пазарот. Кои барања треба да ги исполнат сточарите во органското сточарско производство.

Според член 16 од ЗОЗП

1) Покрај барањата за органско земјоделско производство утврдени во членовите 11, 12 и 13 од овој закон, во органското сточарско производство потребно е да се исполнат и следниве барања:

– во однос на потеклото на животните,

– за исхраната на животните,

– за сместувањето и практиките за одгледување на животните,

– за здравствена заштита на животните и

– за благосостојба на животните.

(2) Во органското пчеларство потребно е да се исполнат барањата за:

– местоположба на пчеларникот и

– употреба на материјали во пчеларството и собирање на медот.

(3) Се забранува органско сточарско производство без земјиште на кое производите-лот кој има намера да одгледува добиток по барањата на органско земјоделско производство не управува со земјоделско земјиште и не склучил договор за соработка во писмена форма со друг производител во врска со употреба на органски производни единици или производствени единици во преод за тој добиток, освен во органското пчеларство.

(4) Барањата за органско сточарско производство и органско пчеларство поблиску ги пропишува министерот.

Службен весник на РСМ бр.56/2026 од 17.03.2026 влегува во сила на 25.03.2026, ќе започне да се применува од 1 јануари 2027 година.

Може да ви се допадне

Јадете го слободно: Цветот од багрем и храни и лекува
(ВИДЕО) Пчеларите од Вешала , чувари на традиционалното пчеларство и биодиверзитетот на Шар Планина
(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Закон за органско земјоделско производство: Кои се барањата за да се занимавате со органско растително производство
Таг:медпчеларствосточарско
Претходен напис Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Следен напис Трамп ги прогласи глифосатот и фосфорот клучни за националната безбедност на САД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?