Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
Агровести

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година

Објавено 07/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Цените на американската сурова нафта го забележаа најголемиот неделен раст досега, поттикнати од ескалацијата на војната на Блискиот Исток, која предизвика огромни прекини во глобалните снабдувања со гориво.

Порастот на цените се случи откако американскиот претседател Доналд Трамп побара безусловно предавање на Иран, зголемувајќи ги стравувањата од продолжен конфликт што би можел да предизвика хаос на глобалните пазари на нафта и гас, објави Си Ен Би Си.

Фјучерсите (договорите за идно купување) на американската сурова нафта од Западен Тексас (WTI) пораснаа  за 12,21 проценти, или 9,89 долари, и достигнаа 90,90 долари за барел. Глобалниот референтен бренд на суровата нафта од типот Брент поскапе за 8,52 проценти, или 7,28 долари, и достигнаа 92,69 долари за барел.

Американската сурова нафта поскапе за 35,63 проценти изминатата недела, што е најголем раст откако започна тргувањето со фјучерси во 1983 година. Цаната на суровата нафта од типот Брент, пак, се зголеми за околу 28 проценти, што е најголем неделен раст од април 2020 година.

Војната веќе доведе до речиси целосен застој на бродскиот транспорт во Ормутскиот теснец, клучната поморска рута за снабдување со енергенси. Катарскиот министер за енергетика Саад ал-Каби, во петокот за „Фајненшл тајмс“ изјави дека цените на суровата нафта би можеле да достигнат 150 долари за барел во наредните недели ако танкерите за нафта не можат да поминат низ теснецот.

Тој предупреди дека таквото сценарио би можело да „ги урне светските економии“.

Администрацијата на Трамп во петокот објави програма за осигурување од 20 милијарди долари за танкерите за нафта во Персискиот Залив, но мерката малку направи за да го смири пазарот на сурова нафта.

Ирак објави дека го намалил производството за 1,5 милиони барели дневно, а Кувајт, исто така, започна со намалување на производството откако снемал простор за складирање.

– Пазарот се префрла од проценка на чисто геополитички ризик кон соочување со опипливи оперативни нарушувања, оценува Наташа Канева, раководител на истражувањето на глобалните пазари во ЏиПи Морган.

Канева додаде дека намалувањето на производството би можело да достигне 6 милиони барели дневно до крајот на следната недела ако теснецот не се отвори за сообраќај.

Поскапуваат и горивата во САД. Цената на галон бензин во изминатите денови се зголеми за речиси 27 центи, на 3,25 долари.

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:ИраннафтаЦена
Претходен напис Овчото млеко е од посебно значење во исхраната на човекот!
Следен напис (ВИДЕО) Милан Сековски од село Долно Чичево: Животот ни се овците, а за едно јагне помалку, не ни даваат субвенции!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?