Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Милан Сековски од село Долно Чичево: Животот ни се овците, а за едно јагне помалку, не ни даваат субвенции!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Милан Сековски од село Долно Чичево: Животот ни се овците, а за едно јагне помалку, не ни даваат субвенции!
Агровести

(ВИДЕО) Милан Сековски од село Долно Чичево: Животот ни се овците, а за едно јагне помалку, не ни даваат субвенции!

Објавено 07/03/2026
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Ја сум Сековски Милан од село Долно Чичево, живеам во Чичево општина Градско, сега сме на фармата каде ја огледувам стоката, со фамилијата цела, тука живееме, тука одгледуваме 365 овци и храна за стоката сами произведуваме. Млекото го предаваме во млекарата „Млечен пат“ од која сме многу задоволни. Од дете се занимавам со стока и друго земјоделско производство – Вака ја започна својата животна приказна сточарот Милан, кој заедно со неговото семејство, сопругата Орданка и нивните три деца се познати во овој крај како работливи и пожртвувани производители.

Поводот за кој не повика да го посетиме и да се увериме во тежината на проблемот кој го има е поврзан со исплатата на субвенциите за 2024 година. Поради новата мерка со која 50% од јагнињата треба да бидат предадени во кланица, според пресметката на инситуциите, него му недостига 1 јагне за да може да добие субвенции, а документите кои ги поседува покажуваат и повеќе од потребниот лимит.

-Проблем е што ни доцнат субвенциите, а од тоа живееме, еве децата,тројцата се осигурани, треба здравство, социјално да си платат, плата тоа им е нив, од тоа живееме, пет души сме. И овчарот го плаќаме 1500 евра на крајот ги зема парите 9.000 евра на Ѓурѓовден, него мора да го исплатиш како знаеш, работел човекот чесно – Вели Милан.

– 180 јагниња имам дадено, прво 160 и после 20 тоа се се 180 , педесет – педесет, 332 овци се, со овните ќе ги ставиме 16 тоа се 362 излегуваат. Но тие овните ги ставаат и излегува едно јагне помалку и вели тебе не те следува едно јагне е помалку. За едно јагне помалку да изгубам субвенции децата да страдаат тоа што значи, а не е едно јагне помалку девет јагниња се повеќе кога ќе ги извадат 16 овни, девет јагниња се фазла. Еве нека проверат слободно.

Вака ако се прави да ви кажам оваа година и ќе се продаваат овците, јас лично ќе ги продадам, децата нема да ми се мачат, а во овие трла и штла се дале многу пари. Тие се 1000 овци ние ќе направевме и 1000 овци , да беа добри условите да одеше работата од тоа ќе живееам. Лозје и житарица со тоа се занимаваме. Едно се работи друго се прави муабет, тоа е, од Владата барам под итно да ми се исплатат субвенциите, јас сум исправен пак нека го проверта мојот случај, имам документи и сакам да ми се исплатат субвенциите, децата од тоа живеат треба да платат здравство, плата да земат јза колење,јас со пензија од 18 – 19 илјади денари што е тоа.

Не само за мене многу сточари немаат земено субвенции, со едно јагне има многу, со дваесет тоа е се грешка направено во Програмата на министерството, се е грешка, треба сите луѓе да земат пари, тоа е греоа се мачат луѓето, сите во кал газат, секој да земе пари, стоката е најтешко да се чува, кој сака нека каже, а вака ако се прави да ви кажам оваа година и ќе се продаваат овците. Јас лично ќе ги продадам, децата нема да ми се мачат, а во овие трла и штала се дале многу пари. Тие се планирани за 1000 овци, ние ќе направевме и 1000 овци, да беа добри условите да одеше работата од тоа ќе живееам. Лозје и житарица со тоа се занимаваме – вели Милан.

-За Курбан Бајрам сите јагниња одат, јас прв ќе бидам ако не ги исплатат субвенции, сите ќе одат за колење. А гледате и сами близни колку имаме. Јас во 2023 година имам дадено 87 јагниња тие јагниња требаа да ги внесат во 24 година тие јагниња се фазла зашто католички божиќ беше на 25 декември јас ги дадов на 20 декември за пет дена е нова година тоа треба да се внесе од 15 ти декември  до 15 декември.

Милан со предлог до МЗШВ како да нема вакви проблеми околу субвенциите.

-Кога ќе одат во контрола од институциите, еден од сточарите секогаш да оди со нив да му обајсни што треба, кога стари овци се продават. За 2025 година имам дадено многу јагниња може 100 јагниња имам дадено лани во кланица. Во декември за продадени јагниња цената беше 280 ден за 47 јагниња, треба да ми дадат награда, а не да ми ги скратат парите. Ние имаме и трактори и секакви машини, сите пари што ги земаме од овците пак ги вложуваме во производството. Имам купено над 50 декари земја, плус моја наследена од татко ми. Треба домаќински да се работи, јас сум 65 години, децата живеат од ова, а ваква стока се печали со пот, ова јагне е 65% рандман месо има месото е преубаво, немам проблем за продажба зашто знам какви јагниња бара пазарот – вели Милан.

Приказната на Милан и неговото семејство треба да има среќен крај. Не само за него, туку за вкупното овчарство кое последниве години бележи драстичен пад. Според информациите од теренот, од некогаш 2 милиони овци колку што имало во Македонија, сега сточарите велат дали има 250.000 грла.

Ваквите сточари и фамилии кои со нескриена љубов и грижа одгледуваат стока, државата треба да ги праша, што е она што ви треба за да продолжите да се занимавате со ова производство. Субвенционирана механизација, државна земја за производство на добиточна храна, добри услови за стопанисување. Тоа е вистинска грижа од една држава за земјоделските производители но и за вкупниот рурален развој.

Агротим

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јагнеовцаовчарствосубвенции
Претходен напис Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
Следен напис Посебен сообраќаен режим во недела во Скопје – ќе бидат затворени повеќе улици и два булевари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?