Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истражување: Според научниците видот на кафето може да го заштити нашето здравје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Истражување: Според научниците видот на кафето може да го заштити нашето здравје
Магазин

Истражување: Според научниците видот на кафето може да го заштити нашето здравје

Објавено 06/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Начинот на кој се подготвува кафето може да има многу поголемо влијание врз здравјето на срцето отколку што вообичаено се мисли. Најновите научни сознанија укажуваат дека главниот виновник за високиот холестерол можеби не се наоѓа во чинијата, туку во шолјата со кафе.

Истражувањата покажуваат дека разликата меѓу филтер-кафето и „турското“ кафе, кое е најзастапено на Балканот, не е само во вкусот, туку и во долгорочните последици по кардиоваскуларниот систем. Еден начин на подготовка може да дејствува заштитно, додека друг тивко го зголемува нивото на лошиот холестерол.

Кафето природно содржи масла наречени дитерпени. Овие супстанции можат да го зголемат нивото на холестерол во крвта, но според научниците, талогот од кафето влијае лошо врз здравјето на луѓето.

Според експертите, филтер-кафето е најдобар избор за лицата кои се грижат за холестеролот. Клучот е во хартиениот филтер кој ги задржува речиси сите масла што го подигнуваат холестеролот. На тој начин, во шолјата остануваат кофеинот, аромата и антиоксидансите, но без штетните материи. Студиите покажуваат дека лицата кои редовно консумираат ваков тип кафе имаат дури и помал ризик од срцеви заболувања во споредба со оние кои воопшто не пијат кафе.

Инстант-кафето исто така се смета за релативно безбедно бидејќи во текот на индустриската преработка се отстрануваат повеќето масла. Еспресото, пак, се наоѓа во „златната средина“. Иако не користи хартиен филтер, количината на сервирање е мала (30-40 мл), па внесот на дитерпени кај здрави лица (две до три шолји дневно) нема значително влијание врз холестеролот.

Традиционалното „турско“ или домашно кафе, кое се подготвува со варење и се сервира со талог, се смета за најпроблематично. Бидејќи нема филтрација, во напитокот преминува голема количина дитерпени – до 30 пати повеќе отколку кај филтер-кафето. На лицата со покачен холестерол им се препорачува да го ограничат внесот на овој тип кафе.

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) наведува дека за здрави возрасни лица безбедниот внес е до 400 милиграми кофеин дневно. Тоа е еквивалент на приближно пет шолји еспресо или филтер-кафе, односно три шолји силно домашно кафе. За трудници и лица со висок притисок, границата е пониска и изнесува околу 200 милиграми дневно. 

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:здравјеИстражувањекафетонаучниците
Претходен напис Владата на Србија го усвои Предлог-законот за трговски практики
Следен напис Нов Правилник за лиценци на РКЕ, за трговија и снабдување со струја гаранција од 100.000 евра 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?