Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов Правилник за лиценци на РКЕ, за трговија и снабдување со струја гаранција од 100.000 евра 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нов Правилник за лиценци на РКЕ, за трговија и снабдување со струја гаранција од 100.000 евра 
Агровести

Нов Правилник за лиценци на РКЕ, за трговија и снабдување со струја гаранција од 100.000 евра 

Објавено 06/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се намалуваат административните документи со кои компаниите ќе можат да аплицираат за да се стекнат со лиценца, како еден од новитетите кои се уредени во Правилникот за лиценци што го донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) којшто денеска стапува во сила.

РКЕ информира дека во новиот  Правилник за лиценци извршиле усогласување со обврските од Законот за енергетика и ги зајакнале условите за компаниите кои сакаат да поседуваат лиценци за трговија и снабдување со електрична енергија. Тие ќе мора да обезбедат гаранција (доказ) дека на сметка поседуваат 100.000 евра или овие пари ги имаат во основните средства.

Во Правилникот за лиценци се воведуваат нови енергетски дејности: складирање на гас, производство на биометан, производство на водород, производство на биогорива, полнење и продажба на садови под притисок со течен нафтен гас и трговија на компримиран гас, течен гас и водород.

РКЕ напоменува дека за сите останати вршителите на енергетски дејности кои не се утврдени во Законот за енергетика (Член 4), може да продолжат да ја врши дејноста без лиценца најмногу до три месеци од донесување на Правилникот за лиценци и апелира овие компании да поднесат барање за лиценца за некоја од соодветните дејности кои се дефинирани согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци.

-Штом бидат создадени технички услови целокупната постапка за добивање на лиценци ќе биде дигитализирана и ќе може да се разменуваат документи преку Националниот портал за електронска комуникација, информира РКЕ.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:лиценциНов ПравилникРкеструја
Претходен напис Истражување: Според научниците видот на кафето може да го заштити нашето здравје
Следен напис Што симболизира денешниот празник и зошто денес треба да се избегнуваат тешки зборови и гнев кон другите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?