Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Владата на Србија го усвои Предлог-законот за трговски практики
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Владата на Србија го усвои Предлог-законот за трговски практики
Агровести

Владата на Србија го усвои Предлог-законот за трговски практики

Објавено 06/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Србија го усвои Предлог-законот за трговски практики за одредени видови производи, што претставува значаен чекор напред во регулирањето на внатрешниот пазар.

Законот за трговски практики се усвојува првпат во Србија, а неговата важност се одразува во спречувањето на нефер трговски практики и воспоставувањето фер, транспарентни односи меѓу сите актери на пазарот – трговци, производители, преработувачи и примарни земјоделски производители, соопшти Министерството за внатрешна и надворешна трговија.

Законот во голема мера се базира на решенијата што веќе се применуваат во ЕУ, но со значително проширување на опсегот на производи и решенија што не се присутни во друго европско законодавство.

„Најголемиот број закони во ЕУ опфаќаа нефер трговски практики само за земјоделски и прехранбени производи, додека нашиот закон има многу поширок опфат на производи што потпаѓаат под овој закон, што им помага на поголем број добавувачи да ја подобрат својата позиција во однос на трговците“, се наведува во соопштението.

Законот, покрај земјоделските и прехранбените производи, вклучува и производи од посебно значење за снабдување на пазарот, меѓу кои се хемикалии за домаќинство, средства за лична хигиена, козметика и други, како и производи од посебно значење за земјоделското производство.

Законот воведува јасни правила и прецизни дефиниции за нелегалните трговски практики што се сметаат за неправедни и затоа се наоѓаат на Црната листа, како и оние кои се условно дозволени и се наоѓаат на Сивата листа. 

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:ВладатаПредлог-законотСрбијатрговски практики
Претходен напис Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри над месечниот просек
Следен напис Истражување: Според научниците видот на кафето може да го заштити нашето здравје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?