Освен одземање на возила кои се технички неисправни или нерегистрирани, со новите измени во Кривичниот законик ќе се одземаат и тракторите кои технички неисправни и нерегистрирани се затекнати во сообраќај.
Токму тракторите кои се управуваат без техничка исправност, односно најчесто без исправна задна сигнализација, беа причина за бројни јавни реакции, но и голем број на сообраќајни несреќи.
Во годините наназад, во секоја земјоделска сезона во билтените на Министерството за внатрешни работи се регистрираат десетици сообраќајки помеѓу трактор и патничко возило, и тоа најчесто кога возилото удрило во задниот неосветлен дел на тракторот. Секоја година, дел од овие сообраќајки завршуваат и со смртни последици.
Извор – Современо земјоделство
