Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески: Дијалогот е клучен за решение за минималната плата, дајте да седнеме и да разговараме
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески: Дијалогот е клучен за решение за минималната плата, дајте да седнеме и да разговараме
Агровести

Азески: Дијалогот е клучен за решение за минималната плата, дајте да седнеме и да разговараме

Објавено 16/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дијалогот е клучен за решение на проблемот со минималната плата, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што ќе биде отворен Инвестициски центар.

Прашан за барањата за зголемување на минималната плата и протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија, Азески рече дека со протести нема да се најде решение за зголемување на платите на работниците и затоа неопходен е дијалог и разговор. Во меѓувреме во март треба да се разговара за усогласувањето на минималните плати во државата. 

-Стопати сум повторил, дијалог, дијалог и дијалог, протест не е никакво изразување на некакво мислење. Тоа може само да го искомплицира. Што да речам јас сега, да дадам изјава дека имаше 21 претставник на Синдикатот пред Комора и тогаш одма ќе се скараме. Така е. Затоа што ќе мисли дека нешто навредуваш. Дајте да седнеме да видиме, нема потреба да ја оптеретуваме јавноста. Тоа прашање е регулирано со Закон и во март месец се разговара за усогласување и регулирање. Ние сега наместо во институциите да преговараме, ние седиме на улица. Јас не велам дека мед и млеко тече во Македонија, ги знам сите проблеми, сите пропусти коишто постојат, вели Азески. 

Првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Азески стои на ставот дека неопходно е да се разговара, за да се најде решение кое ќе одговара и за двете засегнати страни и на работниците и на работодавачите.

-Нас подеднакво не интересираат и работниците и работодавачите, нема фирма без работници и без работодавачи. Нашата услога е да бидеме мост, сите сакаме поголеми плати, прашањето е дали има, дали може, вели Азески. 

Според него, доколку во рамките на трипартитните преговори во Економско-социјалниот совет не се постигне договор за минималната плата, потребно е повторно да се седне на заедничка маса и да се продолжи со разговорите.

-Никој не сака да го наруши достоинството на работник, којшто мора да биде почитуван, а на работодавачите да им се восхитуваме затоа што успеваат да направат нешто и да ризикуваат за разлика од другите во општеството, посочи Азески. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:азескикомораминималнаПлата
Претходен напис Владата ја донесе Програмата за финансиска поддршка на РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ за 2026 година!
Следен напис Ќе се одземаат неисправни трактори затекнати во сообраќај
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?