Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Божиновска: Енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза – имаме план, имаме ред, имаме сигурност 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Божиновска: Енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза – имаме план, имаме ред, имаме сигурност 
Агровести

Божиновска: Енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза – имаме план, имаме ред, имаме сигурност 

Објавено 21/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Размена на искуства, донаторска координација, разгледување на реализираните активности и утврдување на приоритетите за следниот циклус на реформи, со фокус на забрзување на енергетските реформи и координацијата со меѓународните партнери, беше целта на денешниот состанок на Секторската работна група за енергетика, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во свечената сала на Владата. На настанот присуствуваа клучните институции од енергетскиот сектор, донаторската заедница, меѓународните финансиски институции и развојни партнери.

Во рамки на состанокот, информираат од Министерството, беа презентирани активностите поврзани со усогласување со европското законодавство, внатрешниот енергетски пазар, спроведувањето на Реформската агенда и напредокот во подготовката на Националниот енергетски и климатски план (NECP).

МЕПСО, ЕСМ и МЕМO информираа за развојот на проектите во своите области, вклучувајќи го market coupling процесот, подобрувањето на безбедноста на снабдувањето, модернизацијата на преносната мрежа и истражувањето и иновациите во соработка со академската заедница.

Министерката Сања Божиновска порача дека периодот на одложувања и импровизации во секторот е завршен.

-Градиме енергетски систем што нуди стабилност, доверба и одржливост. Новиот Закон за енергетика, инвестициите во обновливи извори и активната соработка со меѓународните партнери се клучни алатки со кои ги забрзуваме реформите и ја подготвуваме земјата за енергетската иднина, истакнала министерката Божиновска.

Таа додала дека во тек се подготовки за серија нови инвестиции во соларни и ветерни капацитети, модернизација на мрежната инфраструктура, како и дигитализација на процеси кои се клучни за транспарентност и ефикасност.

Министерството презентираше детали за постигнатите резултати во изминатиот период, меѓу кои: започнати инвестиции во сончеви и ветерни капацитети во соработка со KfW, ЕБОР и ЕИБ; старт на критични инфраструктурни проекти, како интерконекторoт со Грција и забрзување на процесите за интерконекторот со Србија; подготовка на национален план за реконструкција на јавните згради со фокус на енергетска ефикасност; напредок во процесите за праведна транзиција со конкретни чекори на терен.

-Секој киловат што нема да го потрошиме вреди исто колку киловат што ќе го произведеме, нагласила Божиновска.

Воедно Министерството ги претстави главните приоритети за наредниот период: финализирање на законите; продолжување на инвестициската динамика во обновливи извори и мрежи; дигитализација на процеси; унапредување на енергетската ефикасност; развој на интерконекциите; засилено следење и исполнување на роковите.

-Имаме работа која не трпи одложувања. Мора да работиме брзо и фокусирано за да имаме стабилен, модерен и поврзан енергетски систем што ќе донесе бенефит и за економијата и за државата и за граѓаните, заклучила министерката.

Учесниците го поздравиле напредокот и ја нагласиле потребата од понатамошна координација во реализирањето на заедничките цели: интегриран енергетски пазар, повисока ефикасност, енергетска безбедност и континуирано вклучување на нови технологии и иновации.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Божиновсказабрзана фаза
Претходен напис Традиционалниот словенечки појадок одбележан во Скопје под мотото „Мојот избор е словенечка храна“
Следен напис (ВИДЕО) Никица Мојсоска-Блажевски во „Бизнис-клуб“: „Вклученоста на бизнис-заедницата, инвестициите и мотивираноста на наставниот кадар се предуслов за квалитетно образование“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?