Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Традиционалниот словенечки појадок одбележан во Скопје под мотото „Мојот избор е словенечка храна“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Традиционалниот словенечки појадок одбележан во Скопје под мотото „Мојот избор е словенечка храна“
Агровести

Традиционалниот словенечки појадок одбележан во Скопје под мотото „Мојот избор е словенечка храна“

Објавено 21/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Амбасадата на Република Словенија во Скопје, во партнерство со Меѓународните училишта NOVA и Земјоделскиот институт на Македонија, го одбележа годинашниот Традиционален словенечки појадок под слоганот „Мојот избор е словенечка храна“.

Како што информираат од Амбасадата, настанот е дел од националната словенечка иницијатива за подигнување на свеста кај младите за здравата исхрана, важноста на редовниот и балансиран појадок и придобивките од локално произведената храна.

-Посебно внимание привлече едукативната игра „Buzzing Future“, создадена од Словенечката амбасада во Копенхаген во соработка со UN Global Pulse и партнерските организации. Преку интерактивен пристап, децата учеа за климатските промени, глобалните предизвици и улогата на пчелите како симбол на еко – системската рамнотежа. Играта им помогна на учениците да размислуваат критички и креативно за последиците од човечките одлуки и за можните решенија за одржлива иднина. Настанот официјално го отвори директорот на NOVA, Иван Новаковски, а присутните ги поздрави и амбасадорот на Република Словенија во земјава Грегор Прескер, кој ја истакна важноста од промовирање здрави животни навики, локалната храна, улогата на земјоделството и пчеларството, како и потребата од одговорно управување со отпадот и пакувањата, стои во соопштението.

Во рамките на програмата, Земјоделскиот институт одржал едукативна сесија. Претставничката Марија Ѓошева Ковачевиќ и пчеларот Марјан Арсов презентирале кратко предавање и квиз за хранливата вредност на медот и значењето на редовниот и здрав појадок. Тие ги охрабриле децата да го препознаат медот како важна храна со бројни придобивки.

Преку активности и практични демонстрации, настанот ги поттикнал младите да научат повеќе за важноста на редовниот и балансиран појадок, изборот на здрави и локално произведени намирници, улогата на земјоделството, пчеларството и прехранбената индустрија, заштитата на животната средина и правилното постапување со отпад.

Фото: Словенечка амбасада

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Мојот избор е словенечка хранаСкопјесловенечки појадок
Претходен напис Раст кај потрошувачки и станбени кредити, пад кај автомобилските кредити
Следен напис Божиновска: Енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза – имаме план, имаме ред, имаме сигурност 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?