Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Никица Мојсоска-Блажевски во „Бизнис-клуб“: „Вклученоста на бизнис-заедницата, инвестициите и мотивираноста на наставниот кадар се предуслов за квалитетно образование“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Никица Мојсоска-Блажевски во „Бизнис-клуб“: „Вклученоста на бизнис-заедницата, инвестициите и мотивираноста на наставниот кадар се предуслов за квалитетно образование“
Агровести

(ВИДЕО) Никица Мојсоска-Блажевски во „Бизнис-клуб“: „Вклученоста на бизнис-заедницата, инвестициите и мотивираноста на наставниот кадар се предуслов за квалитетно образование“

Објавено 21/11/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е д-р Никица Мојсоска-Блажевски, главен извршен директор на „Македонија 2025“, потпретседател на Управниот одбор на Стопанската комора, експерт со повеќе од 20 години искуство во креирањето економски политики и институционални реформи и во деловниот менаџмент и лице кое одлично ги познава и јавниот и приватниот сектор. Во фокусот на разговорот се состојбите во образовниот систем и значењето на бизнис-заедницата во образовните процеси.

Професионалната кариера ја започнува во Министерството за финансии, а по завршувањето на докторските студии на Универзитетот „Стафордшир“ во Велика Британија добива раководна функција во Одделот за макроекономска и развојна политика и активно учествува во процесите на преговори со ММФ и со Европската комисија. Во 2009 година преминува во академскиот сектор како универзитетски професор, а подоцна и како декан на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје. Во рамките на академскиот развој реализирала и постдокторски студии на Државниот универзитет во Аризона, САД.

Зборувајќи за разликите меѓу Универзитетот „Американ колеџ“ и другите високообразовни институции во земјава, д-р Мојсоска-Блажевски го нагласува силното партнерство со бизнис-заедницата – вклучување на бизнис-заедницата во креирањето на студиските програми и на практичната настава и во стекнувањето знаење кое ќе има применливост во праксата и во реалниот живот.

„Кај нас фокусот се става на праксата. Бизнис-заедницата преку Бизнис-советот директно е вклучена во формулирањето и во воведувањето на студиските програми, во организацијата на практичната настава, како и во дефинирањето на магистерските и на докторските тези, со што истражувањата се насочуваат кон реалните потреби, што е основа на западниот модел на образование“, истакнува таа.

Според неа, во споредба со другите универзитети каде што студирала, на многу наши универзитети недостига отвореност спрема програмите, постои отсуство на вклученост на бизнис-заедницата, а минимална поврзаност со економијата, како и претерана теоретска ориентација на наставата, без доволно практични содржини.

Во разговорот посочува дека предуслов за квалитетно образование се поголеми инвестиции во образованието, мотивација и кај наставниот кадар и кај учениците, но и подигнување на угледот и на достоинството на наставничката професија.

Во текот на својата професионална кариера секогаш била поддршка за бизнисот. Нејзината силна врска започнала уште во јавната администрација, работејќи на полето на макроекономската и развојната политика, каде што имала интензивна комуникација со бизнис-заедницата и можност да се запознае со предизвиците со кои се соочувала таа, па затоа смета дека ѝ е потребна поголема поддршка и создавање поволна бизнис-клима.

„Бизнисите се тие кои ја движат економијата, кои ги плаќаат даноците и кои на сите ни овозможуваат придобивки – здравствено и пензиско осигурување“, вели д-р Мојсоска-Блажевски.

Овој ангажман со бизнис-заедницата продолжил и преку нејзиното работење како професор и како декан на факултет, со разбирање и со интегрирање на потребните вештини и компетенции во студиските програми, преку кои се создава стручниот кадар поткован со академски знаења, но и со практични вештини и компетенции. Оваа мисија ја продолжува и денес како главен извршен директор на „Македонија 2025“, преку воведување разни програми и иницијативи што го поддржуваат развојот на македонските компании.

Во поткастот открива и дел од своите лични интереси, меѓу кои и љубовта спрема скијањето, спорт со кој учествувала на две светски првенства. За неа скијањето не е само физичка, туку и вистинска ментална активност.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:агротимникица мојсовскастопанска комора
Претходен напис Божиновска: Енергетските реформи влегуваат во забрзана фаза – имаме план, имаме ред, имаме сигурност 
Следен напис Просечната плата во септември 45.466 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?