Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Извештај на ЕК: Без уставни измени, блокирани преговори со ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ЕУ > Извештај на ЕК: Без уставни измени, блокирани преговори со ЕУ
ЕУ

Извештај на ЕК: Без уставни измени, блокирани преговори со ЕУ

Објавено 04/11/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Новиот извештај на ЕК нотира – Македонија не направи чекори за усвојување на уставните измени, нема напредок во судството, сериозна загриженост за корупцијата, нотирана трагедијата во Кочани. 

Во документот од Брисел уште на првата страница е забележано дека билатералните договори со Грција и Бугарија треба да се спроведат во добра волја. Стои дека политичка поларизација во парламентот го одложила усвојувањето на важни реформи за ЕУ, а дека уставните измени не се донесени затоа што Собранието не направило обид. 

– Не беа направени обиди за усвојување на потребните уставни измени наведени во Заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година, кои земјата се обврза да ги започне и постигне, со цел да се обезбеди дека Уставот ги опфаќа граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, како што се Бугарите. Потребни се трајни и решителни чекори за забрзување на спроведувањето на сите реформи поврзани со ЕУ, надвор од оние од Агендата за реформи и за напредок во процесот на преговори за пристапување во ЕУ. Меѓупартиската соработка е од витално значење во овој поглед, пишува во документот. 

Нема прогрес во борбата против корупцијата – во Брисел со сериозна загриженост  ја нотираат и трагедијата во Кочани. Стои дека Јавното обвинителство покрена обвинение, но и дека меѓу обвинетите се градоначалници, инспектори, поранешни министри и вработени во државни институции. 

-Корупцијата останува распространета во многу области и е прашање што предизвикува сериозна загриженост. Трагедијата од 16 март 2025 година во Кочани, каде за време на пожар изгоре клуб, при што загинаа 62 лица, а над 190 беа повредени, откри трајни системски предизвици во врска со спроведувањето на антикорупциските мерки. Превентивните мерки и ефикасното потиснување на корупцијата треба да се подобрат, пишува во извештајот. 

Досегашната светла точка во извештаите за напредокот на земјата – Државната комисија за спречување корупција ( ДКСК ), Брисел ја потенцира како негативен пример – нотирајки го обвинението против Димитровска и ставајки го кредибилитетот на институцијата под знак прашалник 

-Обвинението поднесено против претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), што доведе до нејзина оставка, го доведе во прашање кредибилитетот на институцијата. ДКСК треба проактивно да дава насоки за политиките за спречување на корупцијата, да открива и пријавува наводни случаи на корупција и да ја зголемува својата ефикасност во проверката на анкетните листови и надзорот над финансирањето на изборните кампањи, стои во извештајот. 

Брисел бара во следната година да се усвои нов Кривичен законик во согласност со законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди. Без напредок се и реформите во судството, иако функционирањето на судскиот систем се наоѓа меѓу одредено и умерено ниво на подготвеност. 

– Целокупната независност и финансиска автономија на судството се поткопани од мешањето и притисокот од другите државни гранки, вклучително и обидите на Парламентот да изврши притисок врз членовите на Судскиот совет да поднесат оставка, како и ограничените доделени финансиски ресурси, пишува во документот. 

Според Европската Комисија, зголемени се скратените постапки со еу знаменце и тие треба да се ограничат и да не се злоуботребуваат. Брисел забележува дека владината коалиција е стабилна, а Рамковниот договор се спроведува. Нотирано е дека министерството за европски прашања нема доволно ресурси.

Извор –24ТВ

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
ЕУ со нов план за обезбедување на ѓубрива и прехранбена сигурност
Зајакнување на отпорноста на земјоделството во ЕУ според студија на Европска Комисија
ЕУ ги суспендира царините за клучните ѓубрива што се користат во земјоделското производство
Новиот европски план за ѓубрива: Поголема поддршка за земјоделците и развој на биолошки ѓубрива
Претходен напис На 20.11.2025 година, во 11:00 часот ќе се одржи ловечки испит во просториите на Факултетот за шумарски науки
Следен напис Железничкиот тунел на Коридор 8 станува реалност: Македонија и Бугарија ќе потпишат договор в четврток
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?