Внатрешното уредување на објектот за одгледување на кози или овци пред се зависи од правецот на производство, истовремено и од расата која се одгледува.

Во повеќето важни фактори спаѓаат:
– големината на боксовите,
– групите,
– хранидбениот простор,
– јаслите,
– систем на вентилација,
– прозори,
– таваница,
– вештачко осветлување,
– вештачка вентилација,
– изѓубрување,
– чистење на шталата и др.

Пред да се отпочне со градба на објект треба да се разгледаат неколку законски прописи и правилници кои ја регулираат оваа област:
– Закон за Сточарство,
– Закон за Води,
– Закон за благосостојба на животните,
– Листа на посебни минимални услови за Добра Земјоделска и Хигиенска Пракса (ДЗХП)
– Регулатива за Легализација на објекти за помошна намена во земјоделството, Акт за градба, Градежна дозвола и др.
– Регулатива за Легализација т.е Регистрација на земјоделска механизација.
Најдобро е доколку лицата кои имаат намера или желба за отпочнување, адаптација или доградба на објекти за одгледување на добиток да се обратат до вработените во Подрачните канцеларии на Агенцијата за поттик и развој на земјоделството од каде ќе добијат точни и навремени информации за нивните потреби.
Јовче Грозданоски
АПРЗ Кичево
