Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Превентивна активност на СВР Тетово за заштита од пожари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Превентивна активност на СВР Тетово за заштита од пожари
Агровести

Превентивна активност на СВР Тетово за заштита од пожари

Објавено 14/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вчера (13.07.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, заедно со полициски службеници од ПО Јегуновце и претставници на ЈП „Национални шуми“- подружница „Лешница“, на подрачјето на општината Јегуновце во селата Ратае, Жилче, Прељубиште и Јегуновце, беше спроведена превентивна активност под мотото „Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме шумите од пожари“.

Во фокусот на оваа превентивна активност беа возачите, сопатниците и посетители на излетничките места, но и земјоделци и граѓани кои се движат на правци во овие реони. Во текот на средбите, на граѓаните им беше потенцирана потребата за поголема соработка и навремено пријавување во полиција на било какви појави на несовесно однесување од страна на граѓани, фрлање и палење ѓубре, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции. Исто така, при спроведувањето на превентивната активност, граѓаните беа потсетени за донесената мерка од Владата за забрана за движење во шуми и шумски појаси, која што е на сила до крајот на август годинава. На граѓаните им беа делени и информативни летоци со едукативна содржина во врска со превентивните мерки кои треба да се преземат за да се заштитат од пожари шумите како најголемо национално богатство. а изработени од страна на ЈП „Национални шуми“.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:владавозачимвршуми
Претходен напис Каракашев – На лозарите им се случува грабеж и манипулција, Трипуновски да каже колку е производната цена на грозјето
Следен напис Серафимов: Земјоделците да ја складираат пченицата, брзо ќе се покачи цената
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?