Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Каракашев – На лозарите им се случува грабеж и манипулција, Трипуновски да каже колку е производната цена на грозјето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Каракашев – На лозарите им се случува грабеж и манипулција, Трипуновски да каже колку е производната цена на грозјето
Агровест

Каракашев – На лозарите им се случува грабеж и манипулција, Трипуновски да каже колку е производната цена на грозјето

Објавено 13/07/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На лозарите им се случува грабеж и манипулација, оценува Националната земјоделска мрежа како реакција на министерот за земјоделие Цветан Трипуновски по објавата на цените на вранецот и смедеревката за новата реколта.

Трипуновски најави дека се постигнати рекордни откупни цени – Вранец: 21,3 денари/кг и Смедеревка: 18,9 денари/кг.

На ова претседателот на Националната земјоделска мрежа Ѓорги Каракашев бара од министерот да ја соопшти производната цена на грозјето.

Почитувани лозари,

Денеска лично од министерот Трипуновски бевме во можност да ја слушнеме овогодишната откупна цена за двете најзастапени сорти на винско грозје од сортата Вранец по цена од 21 ден за кг и сортата Смедеревка по цена од 19 ден по кг грозје.

Како Национална земјоделска мрежа, упатуваме јавен повик до ресорниот министер без одлагање јавно да ја сподели производната цена на овие вински сорти грозје како и методологијата и институцијата која ги има изготвено истите.

Потсетуваме и укажуваме дека според Законот за вино тоа е законска обврска и никој па ни Министерството за земјоделие не сме да не ги почитува овие законски обврски.

Според нас како НЗМ овие цени се срамни понижувачки и неприфатливи и ќе резултираат со огромен револт кај лозарите.

Во ова прилика исто така укажуваме дека грозјето во нашата држава не е стратешки производ и дека државата мора да најде начин за слободен проток на луѓе и стоки според ЦЕФТА договорот и во никој случај не смее да поставува ограничување во пласман на винското грозје во околните држави каде цените на истото во минатата година се движеа од едно до две евра по килограм винско грозје.

Не може и не смее повеќе да се толерира монополскиот и картелскиот однос на одредени винарии кои за волја на вистината продават премиум вина и освојуваат врвни светски признанија, а на штета на чесниот и макотрпен труд на лозарите. Ние како Национална земјоделска мрежа ќе застанеме цврсто и одлучно во одбрана на интересите на лозарите.

Ѓорги Каракашев, претседател на Национаната земјоделска мрежа

Може да ви се допадне

Серафимовски во Кавадарци: Килограм „вранец“ ќе се откупува за 21.8, а „смедеревка“ 20 денари
Реконструкција на Влада: Резрешен министерот Трипуновски
„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Министерот Трипуновски оствари средба со претставниците на МЗЗ и МАЗЗ
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
Таг:вранецлозјесмедеревкаТрипуновскицена
Претходен напис Овие европски држави најсилно ќе ги почувствуваат царините на Трамп
Следен напис Превентивна активност на СВР Тетово за заштита од пожари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?