Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Брисел: Конференција – „Осигурување и пристап до финансии за отпорност и адаптација на земјоделството во ЕУ“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ЕУ > Брисел: Конференција – „Осигурување и пристап до финансии за отпорност и адаптација на земјоделството во ЕУ“
ЕУ

Брисел: Конференција – „Осигурување и пристап до финансии за отпорност и адаптација на земјоделството во ЕУ“

Објавено 12/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во вторник, 20 мај во Брисел, Европската Комисија (ЕК), Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој (DG AGRI) и Европската инвестициона банка (ЕИБ) организираат конференција под наслов: „Осигурување и пристап до финансии за отпорност и адаптација на земјоделството во ЕУ“

Конференцијата ќе ја отворат со свои говори Кристоф Хансен (Christophe Hansen), Комесар за земјоделство и храна и Џелсомина Вигљоти (Gelsomina Vigliotti), потпретседател на Европската инвестициона банка. Конференцијата ќе се фокусира на клучните предизвици и можности за заштита на земјоделскиот сектор од климатски промени и заштита на пристапот до финансии.

Клучни теми на настанот ќе бидат: Преглед, класификација, моментална состојба и улога на системите за осигурување на земјоделското производство во ЕУ; Очекуваното влијание на климатските промени врз десет избрани земји – членки; Употреба на реосигурување и релативно новиот тип финансиски инструмент Catastrophe bonds (CAT bonds – го префрла специфичниот осигурителен ризик поврзан со природни катастрофи на определени инвеститори); Изградба на кохерентен систем за управување со ризици во ЕУ; Ефикасни и ефективни јавно-приватни партнерства за обезбедување континуиран пристап до финансии за транзиција и адаптација во земјоделството во ЕУ.

Конференцијата ќе се заснова на новото истражување: „Осигурување и алатки за управување со ризици во земјоделството во ЕУ“ чии резултати ќе бидат презентирани на настанот. Овој настан е наменет за: Управувачки органи на Европскиот земјоделски фонд за рурален развој (EAFRD); Банки и осигурителни компании активни во земјоделскиот сектор; Експерти и претставници на земјоделски синдикати; Претставници на Европската инвестициона банка и Европската комисија заинтересирани за финансиски инструменти на EAFRD;

Може да ви се допадне

Со германска поддршка во Долно Лисиче ќе се тестираат практики за земјоделство отпорно на климатски промени
Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Од 1 јули дополнително намалување и целосно усогласување на царинските стапки со ЕУ за 70 суровини и репроматеријали што се користат во домашната индустрија
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
Таг:еуземјоделствоосигурувањеотпорност
Претходен напис Состојба на патиштата
Следен напис Во Новаци јавна расправа за експлоатација на јаглен за РЕК Битола од наоѓалиштето во Живојно 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?