Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Првите леи веќе се подговени: Бајрам Лековиќ годинава ќе сади тутун на 1 ха, дупло повеќе од лани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Првите леи веќе се подговени: Бајрам Лековиќ годинава ќе сади тутун на 1 ха, дупло повеќе од лани
Агровест

Првите леи веќе се подговени: Бајрам Лековиќ годинава ќе сади тутун на 1 ха, дупло повеќе од лани

Објавено 20/02/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производството на тутун, според изјавите на земјоделците последниве години се покажува како исплатлив бизнис. Добрата откупна цена, високите субвенции и механизираната работа им помогна на земјоделците во производство на оваа трудоинтензивна култура и тие конечно можат да кажат дека е мачен тутунот но има сигурност и се исплати.

Бајрам Лековиќ од велешко Оризари, заедно со неговата сопруга и синот лани имале насадено 5 декари со тутун, а за годинава веќе се подготвени леите за 1 ха под оваа култура.

-Јас садам на сушни ниви, не го полевам тутунот и лани од 5 декари извадив 1 620 килограми, што за сушна година како ланската со 40 степени температура, беше рекорд – вели Лековиќ.

Тој е задоволен од откупот и цената и кажува дека добро е ова производство особено последниве две години и така треба да продолжи. Затоа годинава планира да ги зголеми површините под тутун.

-Годинава планирам на 1 ха да насадам тутун, а она што е карактеристично за мене е што секогаш прв ги сеам леите, прв расадувам и берам. Лани на 14 април го насадив на нива, а почнавме да береме на 25 мај. Така е и годинава, леите се подготвени и се надеваме на успешна нова реколта 2025 – вели за Агротим, Лековиќ.

На фамилијата Лековиќ, и на сите вредни тутунопроизводители им посакуваме успешна реколта 2025 и висока откупна цена за да им се исплати производството. За субвенциите ќе се погрижи државата.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис „Визер“ од 9 март повеќе нема да лета од Скопје до Будимпешта 
Следен напис Одгледувачите на БАДЕМИ и ЛЕШНИЦИ реагираат на 50% намалени субвенции за 2025, споредено со лани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?