Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, залихи има, мелничарите работат одлично
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Ќе се укине забраната за извоз на брашно, залихи има, мелничарите работат одлично
Пазари

Ќе се укине забраната за извоз на брашно, залихи има, мелничарите работат одлично

Објавено 03/04/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ќе се укине забраната за извоз на брашно што беше воведена поради вонредната состојба, одлучи денеска Министерството за економија по средбата со мелничарите.

Како што соопшти министерот Крешник Бектеши, одлуката е донесена откако е утврдено дека мелничката индустрија работи одлично во моментов, залихи има и во приватните млинови и во стоковните резерви, а увозот на пченица во целото опкружување е дозволено.

Според Бектеши, одлуката за извоз на брашно веќе се подготвува, а се очекува да биде донесена на следната владина седница.

-Согласно сите податоци, мелничката индустрија работи одлично во моментов. Се отвора простор да ја измениме одлуката за забрана за извоз на брашното која беше воведена поради вонредната состојба, рече Бектеши.

Се потврдува, додаде, дека откако се прогласи пандемија поради коронавирусот, Владата донесе исправни одлуки.

-Немаме проблеми со снабдување со брашно, ниту покачување на цените. Ги заштитивме домаќинствата, потенцира министерот.

Дополни и дека на средбата со мелничарите се разговарало и околу други мерки кои би им овозможиле да бидат по конкурентни.

-Ги следиме сите случувања, посебно со цените и снабдувањето репроматеријали за основните производи. Така и ќе продолжиме за да овозможиме навремено снабдување, квалитет и незголемување на цените, рече Бектеши.

Претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора, Горан Малишиќ, изрази задоволсво од донесената одлука на средбата.

-Имавме правен проблем околу Одлуката, но верувам дека го надминавме. Очекуваме Владата да ги донесе измените најдоцна во понеделник. Залихите се доволни, увозот на пченицата во целото опкружување е дозволено. Во Одлуката се наведени производите, а не суровините поради што се случи блокада, истакна Малишиќ.

Тој претходно, во изјава за МИА соопшти дека вчера мелничката индустрија рече целосно беше во застој. Нарачки од домашните трговци немала, тие продавале главно српско брашно по повисоки цени зашто Одлуката тоа го дозволувала.

Може да ви се допадне

Раст и на извозот и на увозот во првите два месеца од годинава
АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
Косово воведе итна забрана за увоз на овци и кози од Македонија – се шири болест кај добитокот
Советот на ЕУ во конечна фаза ја одобри забраната за увоз на руски гас
Раст и на извозот и на увозот во периодот јануари – ноември 2025 година
Таг:Бектешибрашноизвомелничка индусријаувоз
Претходен напис Србија сака да ги заштити земјоделците: Размислува да воведе царини за увозот на овошје и зеленчук
Следен напис Овоштарникот го штитат со оросување: Засега успешно иако минусите се немилосрдни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?