Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се затвора градскиот пазар во Прилеп
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Се затвора градскиот пазар во Прилеп
Пазари

Се затвора градскиот пазар во Прилеп

Објавено 26/03/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дезинфекција на јавните површини, установите и станбените згради, на четирите влеза во градот и на автомобилите, како и затворање на Градскиот пазар, еден од најголемите во регионот, се најновите мерки што се спроведуваат во Прилеп по препорака на Кризниот штаб.

Во Градскиот пазар се собира стоката на околу 200 пазарџии и се очекува од утре целосно да биде затворен.

Николче Трајкоски, претставник на пазарџиите, вели дека одржале состанок со ЈКП „Пазари“ и дека најважно е здравјето на сите, иако има штети што ги трпат пазарџиите.

– Се собира стоката од прилепскиот пазар. Бевме на состанок со директорот на ЈКП „Пазари“. Во текот на денот да се дособерат производите и од утре дефинитивно да се затвори пазарот. Тоа е тоа. Вонредни се состојбите и поради нашето здравје и здравјето на граѓаните мора да седиме дома. Но, факт е дека ќе има штета. Кај пет-шест поголеми тезги, секоја ќе има штети од 500 до 1000 евра, што значи неколку илјади евра – изјави Трајкоски.

Градот денеска активно вршеше дезинфекција на јавните површини. Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски апелира до граѓаните да не се создава паника и да се придржуваат до сите мерки.

– Дезинфицирани се основните и средните училишта, детските градинки. Во Домот за стари лица од денес се дезинфицираат сите површини, влезовите во станбените и другите згради. Не функционира градскиот превоз, а се затвора и Градскиот пазар. Апелирам граѓаните да не се вознемируваат и да ги почитуваат мерките – вели Јованоски.

МИА

Може да ви се допадне

ЦУК: Активни пожари во Прилеп и Долнени
Општина Прилеп подготвена за користење на средства од ИПА фондовите и националните мерки
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Таг:Градски пазар ПрилепприлепСе затвора пазарот во Прилеп
Претходен напис Препораки од АХВ за бизнисите и операторите со храна во време на пандемија со коронавирусот
Следен напис Проф.Кипријановски до овоштарите: Инвестирајте во системи за заштита од мразеви преку ИПАРД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?