Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Препораки од АХВ за бизнисите и операторите со храна во време на пандемија со коронавирусот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Препораки од АХВ за бизнисите и операторите со храна во време на пандемија со коронавирусот
Совети

Препораки од АХВ за бизнисите и операторите со храна во време на пандемија со коронавирусот

Последна измена: 25/03/2020 19:05
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

Заштитете го здравјето

Заштитете го здравјето на Вашите вработени, согласно со препораките за заштита од коронавирусот. Со тоа ќе овозможите соодветно да се одржи производството и прометот со храна во време на пандемијата, кога храната претставува најзначаен производ на пазарот.

Ако сметате дека е потребно, препораките напишете ги на видно место. Засилете ги сите мерки кои се однесуваат на добрите хигиенски и производствени пракси.

Иако досегашните сознанија покажуваат дека Корона вирусот не се пренесува преку храната, лицата кои работат со храна, со кашлање, кивање или преку контакт со раце, може да го пренесат вирусот на работните површини и храната, освен ако строго ги следат добрите практики за лична хигиена.

Во процесот на производство и промет со храна, не треба да работат лица кои имаат некој од симптомите на КОВИД-19.

Воведете дополнителни контроли со кои ќе обезбедите дека со храна работат здрави лица. Пред почетокот на секоја нова смена, раководителот да направи консултација со вработените, за состојбата со нивното и здравјето на нивните семејства.

Правилно миење на рацете

На видно место истакнете ги чекорите за правилно миење на рацете.

Лицата кои работат со храна мора да ги мијат рацете:

  • пред да почнат со работа;
  • пред да ракуваат со зготвена храна, односно подготвена храна за консумација од страна на потрошувачите;
  • по ракување или подготовка на сурова храна;
  • по ракување со отпад;
  • должности за чистење;
  • користење на тоалетот;
  • по јадење, пиење или пушење;
  • по ракување со пари, или генерално – редовно.

Доколку се користи заштитна опрема во процесот на производство и промет со храна, информирајте ги вработените како правилно да ја користат.

Заштитни ракавици

Заштитните ракавици мора често се менуваат, а рацете да се мијат по секое вадење и пред секое менување на нови ракавици.

Заштитните ракавици  треба да се сменат по извршување на активности кои не се поврзани со храна, како што се отворање/затворање на вратите со рака, празнење на канти, ракување со пари и сл.

Лицата кои работат со храна треба да бидат свесни дека носењето заштитни ракaвици може да им овозможи на микроорганизмите да се соберат на површината на рацете. Затоа, миењето на рацете е исклучително важно кога ќе се отстранат ракавиците. На ваков начин ќе се избегне последователно загадување на храната.

Кога се носат заштитни ракавици подолг временски период, без често менување и миење на рацете, микроорганизмите на кожата брзо се размножуваат поради топлината и влажноста што ја создаваат ракавиците. Кога заштитните ракaвици ќе се отстранат, ако  се ракува со храна без миење на рацете, голем број бактерии можат да се пренесат во храната.

Правилното миење на рацете е исклучително важно, без оглед  дали се користат заштитни ракавици или не. Ако се користат, миењето на рацете треба да се изврши пред да се стават ракaвиците, меѓу менувањето на ракавиците и откако тие ќе се отстранат.

Може да ви се допадне

АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати
Супер трик кој ќе ве воодушеви: Како на хортензиите да им ја смените бојата?
Трибина на АХВ и ЕФСА за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната
АХВ го одбележа 7 Јуни, Светскиот ден на безбедна храна
АХВ воведе засилени мерки на надзор по појава на ново жариште на болеста чума кај малите преживари во соседна Албанија
Таг:Агенција за храна и ветеринарствоахвКовид 19коронавирусПрепораки
Претходен напис Француската влада апелира до привремено невработените да им помогнат на земјоделците
Следен напис Се затвора градскиот пазар во Прилеп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?