Започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта – во посета на Прилеп и Штип, информира директорката на АФПЗРР, Даниела Иротова Лазарева.
– Од денес земјоделците можат да ги подигнат картичките за зелена нафта во подрачните единици на МЗШВ.
За оваа мерка обезбедени се 584 милиони денари (9,5 милиони евра), со поддршка од 3.200 до 12.000 денари по хектар.
Посетата беше можност и за непосредни разговори со жените носители на земјоделски стопанства, за идните мерки и можностите за нивна поголема финансиска поддршка.
На средбите со претставниви на здруженијата на сточарите и тутунопроизводителите се разговараше за актуелните проблеми и предизвици со кој се соочија во 2026 година, како и за нивните предлози и очекувања во пресрет на подготовката на Програмата за 2027 година.
„Нашата цел е да ги креираме мерките за подршка врз основа на реалните потреби на земјоделците, преку непосредна комуникација и партнерски однос“.
Земјоделците не треба да бидат само корисници на мерките, туку и активни учесници во нивното креирање!
Фејсбук статус на Даниела Иротова Лазарева
