Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Секторот за шумарство на Кипар објави видео од учеството на кипарските авиони во гаснењето на пожарите во Северна Македонија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Секторот за шумарство на Кипар објави видео од учеството на кипарските авиони во гаснењето на пожарите во Северна Македонија
Агровести

Секторот за шумарство на Кипар објави видео од учеството на кипарските авиони во гаснењето на пожарите во Северна Македонија

Објавено 17/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со апсолутен успех кипарската мисија ја заврши својата задача во справувањето со шумските пожари во Република Северна Македонија, соопштија од Секторот за шумарство при Министерство за земјоделство, рурален развој и животна средина на Република Кипар во однос на помошта испратена во нашата земја, а паралелно, на Фејсбук објавија видео од гаснењето на пожарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во периодот од 7 до 14 август два авиони од типот „Air Tractor“ со четворица членови на екипажот и пет лица за копнена поддршка од Кипар, во рамките на помошта од ЕУ механизмот за цивилна заштита, учествуваа во справувањето со огнената стихија на различни локации во нашата земја.

– Со интервенциите од воздух, кипарската мисија помогна во заштитата на домовите, шумските области, како и другите имоти и човечките животи. Исто така, кипарската мисија, дискутирајќи со надлежните служби на Република Северна Македонија, даде различни препораки за подобрување на начинот на справување со шумските пожари, особено за прашања поврзани со воздушни средства, како што е употребата на материјал за забавување или запирање на ширењето и пена во гаснење шумски пожари, соопштија од Секторот за шумарство.

Се осврнаа и на средбата на кипарските пилоти и останатиот персонал со директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, кој во средата ги испрати и им се заблагодари за помошта.

Двата кипарски авиони од средината на јуни годинава се дел од механизмот европскиот механизам rescEU, според кој се финансираат земјите-членки, за да ги зајакнат средствата што ги имаат за справување со катастрофи со обврска да се користат овие средства во корист и на други земји-членки, кога ќе има потреба. 

ВИДЕО

МИА

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:видеокипаркипарските авионипожаритеСеверна Македонија
Претходен напис Трипуновски на средба во Делчево со производителите на сливи
Следен напис Трипуновски: Владата со интервентна мерка за сливата ќе им помогне на земјоделците во оваа тешка година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?