Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Владата со интервентна мерка за сливата ќе им помогне на земјоделците во оваа тешка година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Владата со интервентна мерка за сливата ќе им помогне на земјоделците во оваа тешка година
АгровестиСубвенции

Трипуновски: Владата со интервентна мерка за сливата ќе им помогне на земјоделците во оваа тешка година

Последна измена: 17/08/2024 13:20
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

„Денес сум на работна средба со земјоделците од Делчево, Берово и Пехчево, поразговаравме за пласманот и откупот на сливата од реколта 2024 година. Она што денеска го добив како информација е дека се очекува род од околу 2.500 тони од овие три општини, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Делчево.

Тој посочи дека за жал родот е со полош квалитет поради временските услови, и оваа слива што се очекува ќе биде претежно наменета за индустријата“, појасни министерот.

„Она што јас им го пренесов на земјоделците е дека како Министерство веќе сме во сериозни преговори за еден откупувач од соседна Србија, кој што ќе откупи голема количина на слива од овој регион“, порача Трипуновски. 

„Она што ние како Министерство во името на Владата им ветивме на земјоделците дека нема да ги оставиме сами, нема да бидат препуштени сами на себе туку напротив како Влада ќе интервенираме со дополнителна мерка за да ја компензираме загубата која што би ја претрпеле“, изјави министерот.

Тој посочи дека ако откупната цена на сливата оваа година се движи од 9 до 10 денари, Министерството и Владата се подготвени за да се доплати разликата до 14 односно 15 денари, се со цел земјоделците да бидат задоволни.

„И оваа мерка која што веќе на некоја од наредните седници на Влада ќе ја поминеме како официјална мерка, ќе биде исплатена од Интервентниот фонд веднаш по завршувањето на бербата. Тоа значи дека земјоделците ќе ги добијат парите во рок од 30-тина дена од завршување на бербата, се со цел да го компензираат трошокот и да биде стимул за веќе наредната година“, истакна Трипуновски.

„Она што веќе го дефиниравме како заклучок од состанокот е дека како Министерство сериозно ќе работиме веќе за наредната година да овој дел на Република Македонија биде сериозно поддржан во делот на одгледување на оваа култура, затоа што овдека највеќе успева. Тоа значи дека Министерството ќе носи конкретни програми и мерки кои што ќе значат долгорочно решавање на проблемот со пласманот на сливата. А, од друга страна ќе значи и зголемен извоз во делот на преработки, не само на примарен земјоделски производ“, појасни Трипуновски.

Тој додаде дека ќе се финансира и изградба на дестилерии, преработувачки капацитети се со цел долгорочно да се реши проблемот со сливата. 

Може да ви се допадне

Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка
Народна банка: Макроекономската слика за економијата не е значително променета во споредба со октомвриските проекции
Таг:земјоделцитеинтервентна меркасливатаТрипуновски
Претходен напис Секторот за шумарство на Кипар објави видео од учеството на кипарските авиони во гаснењето на пожарите во Северна Македонија
Следен напис (ВИДЕО) Голем пожар близу село Сирково, спасена фарма
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?