Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нови експонати во Музејот во Демир Капија од лозаровинарската традиција во регионот 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Нови експонати во Музејот во Демир Капија од лозаровинарската традиција во регионот 
Магазин

Нови експонати во Музејот во Демир Капија од лозаровинарската традиција во регионот 

Објавено 21/05/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нови експонати што говорат за долгогодишната лозаровинарска традиција во демиркаписко, се дел од Музејот во Демир Капија. Цветанка Тодоровска Митрева, виш кустос археолог, појасни за МИА дека се откупени дополнителни етнолошки предмети од локално население, со цел збогатување на музејската винска галерија. Таа подвлече дека со ова е реализиран првиот од четирите проекти од национален интерес, што годинава се целосно финансиски поддржани од Министерството за култура. 

– Музејот ја продолжува својата активност во насока на реализација на проекти, што во голема мера ќе допринесат кон квалитативно збогатување на содржините и ќе го доближат културното наследство од регионот на Демир Капија, поблиску до посетителите. Целта е со прибавување на предмети што се поврзани со винската конзумна култура, да се прикаже долгата и вековна традиција на производство на вино од регионот на Демир Капија, начинот на заштита на виновата лоза, садови за варење на маџун и слично, истакна Тодоровска Митрева. 

Таа појасни дека откупени се предмети од локално семејство од Демир Капија. 

– Долги години наназад, тие претставувале семеен имот. Се користеле за сопствени потреби при обработка и заштита на виновата лоза, за печење ракија и за варење маџун. Се работи за  предмети кои денес не се веќе во употреба, нивното место е заменето со многу помодерни, побрзи и пософистицирани  алатки. Сега се потсетник на минатото, во смисла на една традиција пропратена со ритуали и  локална егзотика, неповторливо  доживување на семејната  лозаровинарска приказна, како трага на времето, не само во овој регион, туку и секаде во Македонија каде што се одгледува виновата лоза, нагласи Тодоровска Митрева. 

Откупени се една бакарна аранија во која со варење на грозјето се приготвувал  најслаткиот и најздравиот напиток, маџунот, надалеку познат како еликсир за оздравување и исцелување на телото, традиционална маказа за кроење на виновата лоза, грбна пумпа за заштита на виновата лоза целосно сочувана со сите нејзини елементи, како и  горен дел од статичен казан за варење ракија изработен од печена глина, преку кој се одвива хемискиот процес на создавање на лозова ракија,  како еден од традиционално најпознатите жестоки пијалоци на овие простори.

МИА

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:демир капијалозаровинарскатаМузејотНови експонатитрадиција
Претходен напис ЦУК: Зголемен водостој на Крива Река
Следен напис Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?