Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЦУК: Зголемен водостој на Крива Река
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЦУК: Зголемен водостој на Крива Река
Агровести

ЦУК: Зголемен водостој на Крива Река

Објавено 21/05/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) вчера била добиена пријава за нерасчистено речно корито при што на еден од мостовите во селото Опила во општина Ранковце, има насобрано гранки од дрва што ги донела поројната вода. Од зголемениот водостој на речното корито на Крива Река, постои опасност од поплави на домови во близина, информираат утрово од ЦУК.

Известени биле градоначалникот и контакт лицата од општина Ранковце за настанатата состојба. Од Општина Ранковце одговориле дека во текот на денешниот ден ќе се расчистуваат насобраните гранки од мостот.

– Од 12 до 16 часот денеска на автопатот „A2“ – Кичево-Охрид, што е во изградба, ќе се изврши минирање.  Доколку граѓаните слушнат силни детонации, да не се вознемируваат, а истовремено да ги почитуваат сигналите за краткотрајно стопирање на движењето за време на конкретно поединечно минирање, наведуваат од ЦУК.

Оттаму повторно апелираат на внимателност поради наглите временски промени. Меѓу другото, се препорачува внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на помали одрони.

– Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, додаваат од ЦУК.

Изминатото деноноќие имало вкупно 1.643 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.

– Од нив, „реални“ – 57,82 отсто, а 42,18 проценти за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 62,03 проценти, кон Итната медицинска помош – 32,91 отсто, а кон пожарникарите – 1,27 отсто од реалните повици кон 112, појаснуваат од ЦУК. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водостојЗголеменКрива Рекацук
Претходен напис Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
Следен напис Нови експонати во Музејот во Демир Капија од лозаровинарската традиција во регионот 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?