Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започнатa реформa за забрзување на трговијата и транспортот – имплементираме Национален едношалтерски систем 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Започнатa реформa за забрзување на трговијата и транспортот – имплементираме Национален едношалтерски систем 
Агровести

Започнатa реформa за забрзување на трговијата и транспортот – имплементираме Национален едношалтерски систем 

Објавено 07/02/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Царинската управа заедно со 16 државни институции ќе го имплементира Националниот едношалтерски систем, при што на највисоко владино ниво е започната реформа за унапредување на политиките за забрзан транспорт и трговија се со цел подобрување на условите за водење бизнис и забрзана интеграција во ЕУ. За негова имплементација се обезбедени 4 милиони долари од Светска банка преку Проектот за забрзување на транспортот и трговијата на Западен Балкан.

Денеска пред бизнис заедницата беше одржан настан во рамки на кој беа презентирани главните придобивки на Националниот едношалтерски систем. На настанот покрај директорот на Царинска управа, Стефан Богоев, свое обраќање имаа вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, Татјана Марковска од Светска банка, претставници од други институции што се вклучени во процесот и консултанти од конзорциумот вклучен во имплементација на проектот.

„Новиот систем ќе овозможи целосна дигитализација на процесите на издавање дозволи и лиценци и нивно плаќање, колективно користење на податоците од страна на институциите, можност за комуникација со системите на други земји, издавање на дозволи под еден „покрив“. Истиот треба да ги намали трошоците и времето на чекање потребно за завршување на извозните и увозните постапки. Ова ќе овозможи олеснување на трговијата, забрзување на транспортот, забрзана интеграција во ЕУ, а со тоа и зголемување на конкурентноста на македонското стопанство и подобрување на условите за водење бизнис“, истакна директорот на Царинска управа, Стефан Богоев.

Богоев вели дека истовремено преку имплементација на системот ќе се овозможи унапредување на анализата на ризик за сите институции коишто се вклучени во издавањето дозволи во прекуграничната трговија со што ќе се намали бројот на контроли, а истовремено ќе се зголеми квалитетот на истите.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи потенцира дека Владата е силно посветена на олеснување на административните и сите останати бариери за транзит, затоа што денешниот бизнис како никогаш досега бара јасни, предвидливи правила, и максимална ефикасност на институциите кои ќе овозможат континуиран проток кој нема да креира застој во одвивањето на бизнис процесите.

„Националниот едношалтерски систем ќе служи како алатка за унапредување на ефикасноста и транспарентноста на прекуграничната трговија. Со консолидирање на различни процеси поврзани со трговијата во унифицирана платформа, со која се врши рационализација на бирократските процедури, и со која се намалуваат бирократските процедури. Ова не само што ќе ги олеснува интеракциите помеѓу владините институции и приватниот сектор, туку и значително ќе ја подобри климата на водење бизнис.

Едношалтерскиот царински систем има значајна улога во поттикнувањето на економскиот раст и привлекувањето странски инвестиции, и е дел од една поширока визија за дигитална трансформација и иновации во јавниот сектор. Истиот е гаранција дека нашата држава навремено се подготвува и ќе биде спремна да стане дел од европската царинска унија а со тоа нашите компании ќе можат подготвени да пристапат до единствениот пазар на ЕУ“, вели Битиќи.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, рече дека се работи на тендерската документација при што тендерот за имплементација на системот ќе биде објавен во првото тримесечје од годинава. 

“Се работи за целосно нов систем и синхронизација на 16 државни институции. Истовремено како дел од Проектот на Светска банка се работи на имплементација на интелигентен транспортен систем. Ова но и рехабилитацијата на сите патишта ќе овозможи забрзана трговија и транспорт”, вели Бочварски.

Татјана Марковска, потенцира дека Светска Банка е активно вклучена во процесот за воведување Националниот едношалтерскиот систем  од 2019 година преку финансирање на регионалниот Проект за олеснување на трговијата и транспортот во износ од 30 милиони долари.

„Освен воведување на едношалтерскиот систем, преку овој проект се финансира и модернизација на граничните премини. Во тек е поставување на систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички на сите гранични премини во земјава, со што ќе се зголеми автоматската контрола врз патничките и товарните возила што ги преминуваат границите“, истакна Марковска и притоа додаде дека покрај олеснување на трговијата, проектот работи и на олеснување на транспортот преку воведување на Интелигентен транспортен систем на јужниот дел на коридорот 10.

Кирил Миновски од конзорциумот вклучен во реализација на проектот истакна дека „управувањето со промени во воспоставувањето на Националниот едношалтерски систем генерира капацитет во институциите и значително намалува неизвесностите и ризиците при неговата имплементација и примена.”

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:забрзувањеНационален едношалтерски системреформaтранспортоттрговијата
Претходен напис Грчките земјоделци започнуваат со симболични блокади на патиштата и автопатите, бараат средба со премиерот
Следен напис Земјоделците ги блокираа автопатиштата во Шпанија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?