Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Грчките земјоделци започнуваат со симболични блокади на патиштата и автопатите, бараат средба со премиерот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Грчките земјоделци започнуваат со симболични блокади на патиштата и автопатите, бараат средба со премиерот
Агровести

Грчките земјоделци започнуваат со симболични блокади на патиштата и автопатите, бараат средба со премиерот

Последна измена: 07/02/2024 11:15
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

 Со симболични блокади на патиштата и автопатите, но и на граничните премини, грчките земјоделци ги засилуваат нивните активности и паралелно бараат средба со премиерот Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. 

Во цела Грција постојат 55 блокови на земјоделци, каде што се паркирани трактори и се подготвени за блокади, а секој блок засебно ќе ги одреди активностите и во зависност од локацијата што точно ќе блокираат и каде ќе постават блокада. 

Според најавите, земјоделците во близина на Солун претпладнево на половина час ќе го затворат автопатот кон Атина, оние кои се кај Ламиа, попладнево од 17 до 19 часот ќе го затворат тој дел од автопатот кон грчката метропола, а слични активности се планирани и во други области. 

Земјоделците од северниот дел на земјата, не е исклучено да стигнат и до граничните премини со Северна Македонија и Бугарија. 

Оние од северозападна Грција, кои завчера со тракторите стигнаа до граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија и одржаа протест, се очекува во текот на денешниот ден да одлучат кога и како ќе го затворат патот, но веројатно само за камиони кои пренесуваат лигнит кон нашата земја. 

Според грчките медиуми, земјоделците доколку до петок не добијат позитивен одговор на нивните барања за средба со премиерот, следната седмица со тракторите ќе се упатат кон Атина каде што ќе одржат голем протест. 

По вчерашниот состанок одржан во Лариса на кој присуствуваа претставници на земјоделците од цела Грција беше одлучено засилување на активностите и беа претставени нивните барања: намалување на трошоците за производство, земјоделската нафта да биде ослободена од данок, намалување на цената на струјата на седум центи за киловатчас, субвенција за добиточна храна, 100 отсто надомест и оштета за загубениот приход од производите. 

МИА

Може да ви се допадне

Српските млекари и сточари бараат итна средба со министерот за земјоделство
Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво
Покачено е нивото на водата во хидроакумулациите во струмичко
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин
Таг:автопатитеГрчките земјоделципремиеротсимболични блокади
Претходен напис Министерот Николовски на редовен состанок со откупувачите на тутун во Прилеп
Следен напис Започнатa реформa за забрзување на трговијата и транспортот – имплементираме Национален едношалтерски систем 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?