Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците ги блокираа автопатиштата во Шпанија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците ги блокираа автопатиштата во Шпанија
Агровести

Земјоделците ги блокираа автопатиштата во Шпанија

Објавено 07/02/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шпанските земјоделци денеска со трактори ги блокираа автопатите и пристаништата, револтирани од зголемените трошоци за производство, бирократијата, правилата на ЕУ и поевтиниот увоз на храна од други земји.

Автопатити се блокирани во провинциите Каталонија, Валенсија, Кастиља-Ла Манча, Андалузија, Арагон и Мурсија, соопшти државната служба задолжена за сообраќај.

– Во целата Европска Унија сите имаме исти проблеми, со некои нијанси, рече Доначиано Дујо, потпретседател на здружението на земјоделци АСАЈА. Пред неколку дена од тоа здружение соопштија дека имаат намера да протестираат цел месец за да „укажат на неможноста да продолжат да се занимаваат“ со производство на храна.

Во последните недели слични протести се одржаа во Франција, Белгија и Германија.

Левичарската влада на Шпанија вчера објави дека ќе додели дополнителни 269 милиони евра помош за околу 140.000 земјоделци за да го намали влијанието на продолжената суша и повисоките цени на ѓубривата и горивото поради војната во Украина.

Шпанија е еден од најголемите светски производители на портокали, лимони, маслиново масло, јагнешко месо и вино.

Нејзините земјоделци тврдат дека правилата на Европската Унија за пестициди и оставање на дел од земјиштето надвор од употреба, со цел да се заштити животната средина, ја уништува ценовната конкурентност во однос на земјите надвор од ЕУ.

Шпанските фармери, исто така, се жалат и на увозот на поевтина храна од соседно Мароко.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:автопатиштатаблокирааземјоделцитеШпанија
Претходен напис Започнатa реформa за забрзување на трговијата и транспортот – имплементираме Национален едношалтерски систем 
Следен напис Водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани ги чисти каналите за наводнување пред новата сеидбена сезона на оризот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?