Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инфо сесија во Битола: Едноставни прашања од земјоделците и одговори од советниците за неповратни 20 000 евра од Мерка 113
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Инфо сесија во Битола: Едноставни прашања од земјоделците и одговори од советниците за неповратни 20 000 евра од Мерка 113
Фондови

Инфо сесија во Битола: Едноставни прашања од земјоделците и одговори од советниците за неповратни 20 000 евра од Мерка 113

Објавено 20/02/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во тек е повикот за Мерка 113 – неповратни 20.000 евра за млади до 40 години. Интересот од страна на земјоделските производители е голем и поради тоа Агротим во соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството денеска организираа инфо сесија во просториите на агенцијата.

-Мерките кои ги носи Владата се во интерес на земјоделците кои сакаат да инвестираат во својот агробизнис со што ќе имаат поголем профит и конкурентно производство. Затоа сме денеска тука, заеднички со советниците од АПРЗ да ви помогнеме со повеќе информации и да дадеме одговори на вашите прашања со цел да бидете подготвени да ги искористите тие 20. 000 евра државна поддршка – изјави Ленче Николовска, раководител на проектот Агротим.мк

Директорот на АПРЗ, Елгафар Јусуфи ја потенцираше важноста на советодавната агенција преку работата на советниците како на терен така и во подготовката на апликации за мерки на Владата.

– На годишно ниво нашите советници доаѓаат во контакт со најмалку 50.000 земјоделци по разни основи, што преку дирекни контакти при посета на нивните фарми, што преку трибини кои ги организираме за нивно информирање и едукација, канцелариите по работните единици секогаш се полни со земјоделци кои доаѓаат за било каква потреба, помош и слично. И денеска оваа средба е во функција на поголема едукација на вас земјоделците со цел да се искористат мерките на Владата – рече Јусуфи.

Условите за аплицирање на повикот за мерка 113 – неповратни 20.000 евра за млади до 40 години пред присутните земјоделци ги образложи советникот од АПРЗ Андреа Соколовски:

На јавниот повик може да аплицираат носители на земјоделски стопанства на возраст од 18 до 40 години. На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на земјодлеското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.

  • Индивидуален земјоделeц
    – вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност; или
    – кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско осигурување; или
    – кој се занимава со земјоделство како дополнителна дејност
  • Трговец поединец
    – регистриран согласно Закон за трговски друштва;
  • Трговско друштво
    – регистриран согласно Закон за трговски друштва.

Земјоделските стопанства мора да се впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Закон за земјоделството и рурален развој и да не користеле помош од претходниот јавен повик за мерката 112.

Соколовски го објасни и начинот на апликација, потребните документи и начинот на бодување по што следуваа конкретни прашања од земјоделците.

– Што може да се направи со проектите за чија реализација е потребно да се извади дозвола за градба, бидејќи се знае дека за да се извади таква дозвола, од поднесување па се до издавање поминуваат најмалку 2-3 месеци, беше едно од прашањата поставени од земјоделците.

– Како што е пропишано, задолжително е да има дозвола за градба – одговори Соколовски. – одговори Соколовски.

Друг земјоделец постави прашање за начинот на исплата на средставата откако ќе бидат одобрени?

-Се до потпшувањето на договорите немате обврска ништо да купувате и да инвестирате. Од моментот на потпишување на договорот добивате период од 6 месеци во кој треба да ја реализирате инвестицијата со сопствени пари. Потоа е поднесува барање за исплата и ги добивате парите. Со тоа што со договорот што сте го потпишале можете да добиете и кредит од банките што ќе го вратите кога ќе ви се исплатат средствата – одговори Соколовски.

Претседателката на земјоделското здружение “Современо Земјоделство” М-р Билјана Петровиќ, во име на членовите постави прашање дали неможе да аплицираат само земјоделци кои искористиле финансиски средства од последниот повик од мерка 112 или воопшто земјоделци кои добиле поддршка на сите претходни повици од мерка 112?

Советникот Соколовски појасни дека право на учество немаат сите оние кои добиле средства на било кој повик за мерката 112, а не само на последниот. Но оние кои аплицирале, а биле одбиени сега можат да аплицираат.

На средбата во АПРЗ беше присутен и раководителот на ПЕ на МЗШВ во Битола, Методија Илиевски кој ги информираше земјоделците дека канцеларијата на подрачната е отворена за сите прашања и потреби на земјоделци не само за едукација туку и во подготовката на апликациите.

Може да ви се допадне

АПРЗ во Битола одржа Национална работилница за обука „Зајакнување на капацитетите за адаптација кон климатските промени во земјоделството“
Дигиталното земјоделство станува национална приказна: АПРЗ во посета на ФЗНХ
АПРЗ на директни средби со земјоделци во повеќе населени места во државата
Исплатени средствата за Мерка 112 „Млад земјоделец“
Дополнителни директни плаќања за одделни категории носители на земјоделско стопанство
Таг:апрзбилеГафиинфо сесијаМендемлад земјоделец
Претходен напис Преспанските овоштари знаат многу легенди за јаболкото, ама знаат и дека тоа е симбол за квалитет и напредок на еден регион
Следен напис Следува стабилно и суво време, наместа со ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?