Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Преспанските овоштари знаат многу легенди за јаболкото, ама знаат и дека тоа е симбол за квалитет и напредок на еден регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Преспанските овоштари знаат многу легенди за јаболкото, ама знаат и дека тоа е симбол за квалитет и напредок на еден регион
Рурален Развој

Преспанските овоштари знаат многу легенди за јаболкото, ама знаат и дека тоа е симбол за квалитет и напредок на еден регион

Објавено 20/02/2020
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Главна гранка на овоштарскиот сектор е производството на јаболка, а тоа се должи пред се на поволните климатски услови , традицијата, како и побарувачката на јаболката на зелените пазари и во преработувачките капацитети.

Според  податоците, потрошувачката на јаболка кај нас изнесува околу 12 килограми по жител или тоа би било некаде 20% од домашното производство. Најголем светски производител на јаболка е Кина, потоа следуваат  САД, Индија, Турција, Полска и Италија. Во Европа најголем производител е Турција со производство од 2,7 милиони тони јаболка. Јаболкото е водечко овошје  кое се одгледува во нашата земја,  а од  вкупното производство на овошје кај нас , тоа завзема  повеќе од 50 %.  Во преспанскиот регион се наоѓаат  речиси 90 % од  вкупните јаболкови насади кај нас.

Добрите познавачи на состојбите сметаат дека главниот проблем на овоштарите е стихијниот пласман и неорганизираноста на производителите за заеднички настап. И на тоа треба да се работи во иднина. Производството на јаболка е доходовен бизнис, но сепак  пазарот е тој кој ја одредува цената.

 „ Интервентната мерка од 3 денари за  предадени јаболка  кај регистрирани откупувачи,  која што беше воведена од страна на Владата , во голема мера ги ублажи последиците од кастрофалната година која ја имаа преспанските производители на јаболка. Дополнително, искористувањето на ИПАРД средствата исто така  придонесоа за осовременување на процесот на производство на јаболка, како  и за  поголема компетативност  на нашите земјоделци во однос на странскиот пазар. Преку достапноста на овие средства и нивното искористување, настојуваме Преспа да ја направиме развиено и современо земјоделско подрачје“, смета градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски.

Според него, минатата година земјоделците од Преспа како и сите земјоделци од нашата држава за прв пат добиле средства од мерката „зелена нафта“ со што им се намалени трошоците за 30%, па секое намалување на трошоците кај земјоделците значи и поголем приход во нивниот буџет особено во лоша година како изминатата. Исто така, првиот човек на Општина Ресен, смета  дека долгогодишниот проблем кој што го има овој  регион со невремиња и град, конечно за среќа на сите нив ќе биде решен.

„ Авионското засејување на облаци за заштита на земјоделското производство  од град,  од една страна во голема мера ќе го заштити родот на јаболкото, а од друга страна ќе ги намали трошоците на Владата за исплаќање на штети од невремиња. Секако дека и изградбата на откупно- дистрибутивниот центар со капацитет од 5 до 8 илјади тони во Преспа,  е еден од најзначајните сегменти кон достигнувањето на целта и профилирањето на Преспа како модерно земјоделско подрачје“ , потенцира Гошаревски.

Земјоделството е само еден сегмент од целокупниот мозаик каде што Владата на Република Северна Македонија инвестира и помага за развој на Општина Ресен. Во претходниот период општината  искористила околу 50 милиони денари, владини средства , од кои 41.500 000,00  денари за подмирување на доспеани а неплатени обврски на општината и над 8. 300 000,00 денари за корисниците од областа на основното и средното образование. Дополнително, во текот на 2019 година, без надомест од Дирекцијата за задолжителни резерви се добиени 27.000 литри екстра лесно масло ЕЛ-1 за потребите на основните училишта и гимназијата во општина Ресен.

Првиот човек на градот посочи и дека имаат добиено и 1.100.000 денари во врска со имплементацијата на Стратегијата за подобрување на состојбата кај Ромите во Република Северна Македонија. Со овие средства, според него,  се подобрува состојбата  со снабдувањето на електрична енергија и обезбедувањето на легални приклучоци на струја  за ромското население  во Ресен а посебен акцент става и на развојот и подобрувањето на инфраструктурата во општината, каде  што Владата ставила силен печат преку големиот број на  инвестиции.

„ За потребите за изградба на улица 6 и 7 во село Долно Дупени финансирани преку Бирото за регионален развој, обезбедени се средства од 1 милион и 800 илјади денари.  За реконструкција на дел од улиците  ,,29-ти Ноември“, „Таше Милошевски“ и „11-ти Октомври“ со вкупна должина од 2.000 метри преку кредит од МСИП 2 финансиски поддржан од Светска Банка преку Министерството за финансии  обезбедени се средства во износ од 29.600 000,00 илјади денари. Средства во износ од 3.240 000,00  денари се обезбедени од АФПЗРР за реконструкција на Улица 1 во Наколец, дополнително со 760.000 денари кофинансирање во проектот  учествуваше и општина Ресен. Дополнително со 4.600 000,00 денари средства добиени повторно преку оваа Агенција се реконструира мостот во Село Дрмени, а преку Центарот за равој на Пелагонискиот плански Регион преку АФПЗРР се започна со реконструкција на локалниот пат Дрмени- Лавци во вредност од 9.500 000,00 денари. Владата инвестираше и во реконструкција на регионалниот пат Битола- Охрид, од клучката кај Макази до влезот на Ресен со вкупна должина од 2.7 километри “ , посочи Гошаревски.

Градоначалникот Гошаревски посебен акцент стави и на инвестициите во општина Ресен кои се од посебно значење за Преспа и преспанскиот регион каде пеку Бирото за рамномерен регионален развој  со вкупен износ од 3.600 000,00 денари и кофинансирање од општина Ресен од 152.000 денари се реконструирал градскиот пазар со модерен и урбан изглед.

 „ Спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен се реконструира со средства добиени од Агенцијата за млади и спорт во вкупна вредност од 7.700 000,00 денари. Во тек е и проектот за адаптација на градинката во склоп на основното училиште Гоце Делчев, целосно финансиски поддржана од Министерството за Труд и социјална политика во износ до 20.800 000 ,00 денари. На двете основни училишта во Ресен, Мите Богоевски и Гоце Делчев и општинската гимназија Цар Самоил, поставени се фотоволтаични системи во вредност од 2.400 000,00 денари, средства обезбедени преку Министерството за финансии и кои што на месечно ниво имаат заштеда на електрична енергија и до 50 проценти “, потенцира првиот човек на општината.

За крај, Гошаревски изјави дека во наредниот период дополнително со два милиони евра ќе биде реновирана и болницата за респираторни заболувања во Отешево а во Општина Ресен дополнително преку меѓународни фондови и донации во овој момент се реализираат проекти во вкупна вредност од 1.800 000,00 евра кои дополнително ќе придонесат за развој на тој регион.

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Во Преспа продолжува изградбата на канализациона мрежа и пречистителна станица
Таг:Живко ГошаревскијаболкаОвоштрствоОпштина Ресенпреспа
Претходен напис АХВ: Во земјава нема кинески пратки храна, вирусот е опасен за луѓето, не и за животните
Следен напис Инфо сесија во Битола: Едноставни прашања од земјоделците и одговори од советниците за неповратни 20 000 евра од Мерка 113
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?