Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АПРЗ на директни средби со земјоделци во повеќе населени места во државата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АПРЗ на директни средби со земјоделци во повеќе населени места во државата
Агровести

АПРЗ на директни средби со земјоделци во повеќе населени места во државата

Објавено 25/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), како јавен советодавен сервис во земјоделството, почна со серија информативно-едукативни средби со земјоделските производители директно на терен.

Од АПРЗ со седиште во Битола информираа дека до крајот на идниот месец ќе бидат посетени повеќе од 250 населени места во руралните средини.

-Средбите со земјоделците ги реализираат наши стручни тимови и се во период кога започнуваат активностите во земјоделството, особено во растителното производство, а истовремено стартуваат подготовките за претстојната вегетациска сезона. Согласно распоредот, ќе бидат опфатени и одгледувачите на добиток и пчеларите, потврдија од АПРЗ со седиште во Битола.

Тимови на АПРЗ денеска се во битолското село Егри и во Кривогаштани, утре во Могила, а во петок во преспанското село Езерани.

-На средбите препорачуваме совети кои се соодветни или во зависност од населеното место и агрокултурите што се негуваат. Секако информираме и за генералните теми како што се водење евиденција за добра земјоделска
практика, информации за Програма за финансиска поддршка и активната програма за рурален развој, но и за дигитализација во земјоделството, во одредени средини ќе говориме за производство на пченка, во други средини за интензивно овоштарство, пролетна и зимска заштита на јаболко, информација за потребите на храна за пипер од расадување до берба и други теми, посочија од АПРЗ.

На средбите меѓу тимовите на АПРЗ и земјоделците ќе се зборува и за тековни проблематики во земјоделството. 

АПРЗ

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:апрздиректни средбиземјоделци
Претходен напис Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Нож и виљушка на европска чинија“
Следен напис Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?