Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Гордост“ пред 100 години – Интересна сторија за квалитетот на македонскиот тутун
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > „Гордост“ пред 100 години – Интересна сторија за квалитетот на македонскиот тутун
Агровест

„Гордост“ пред 100 години – Интересна сторија за квалитетот на македонскиот тутун

Објавено 19/08/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На Фејсбук страницата Lexicon of foreign painters in Macedonia 1850-1950 – наидовме на интересна сторија за нашиот тутун која ви ја пренесуваме во целост :

Тешко се печалат пари од одгледување на тутун. Тутунот е култура кој бара тешка работа на и надвор од полето во најтоплите месеци од годината.

На почетокот на 20-тиот век, браќата Хајнрих и Аугуст Нојбург (Heinrich , August Neuerburg) од германското гратче Триер на самата граница со Луксембург сакале да му помогнат на својот измачен татко кој садел тутун и го продавал на откупци за ситен ќар. Во 1908 година ја формираат компанијата за цигари Haus Neuerburg, која наместо да продава тутун на големо или пак тутун за виткање во кутиче, изработувала кутија со веќе свиткани цигари. Со вака веќе свитани цигари, браќата можеле да стават поголема маржа на профит по кутија.

Браќата започнале со производство на цигарите именувани со Löwenbrück, и Güldenring – именувани според германските региони од каде доаѓал тутунот. Првите години од бизисот им биле тешки.

Тогаш браќата Нојбург веднаш увиделе дека во бизнисот со цигари, можеби најбитна е – рекламата. Да се запали цигара е да се вкуси некаква авантура од далечните земји кои најголемиот дел од муштериите нема да имаат шанси да ги посетат. Вкусениот чад од цигарата ќе им биде единствен допир со овие егзотични светови.

Се решиле да увезат тутун од најегзотичниот регион во Европа – #Македонија. Тутунот потекнувал од југоисточна Македонија – Струмица, Кавала, Серес, Ксанти. Во 1928 година започнуваат со продажба на новата марка цигари – “Overstolz” – или „Гордост“, со рекламна порака „Сонцето од Македонија“ (“Sonne Aus Macedonien”). За таа цел го најмиле уметникот за реклами Киснер (Kissner – сеуште работам на негова идентификација) кој изработува рекламен постер и серија на рекламни написи кои биле во весниците од тоа време.

На рекламниот постер од 1928 година, Киснер ја претставил земјината топка облиена во топлината на сонцето, каде што еден најсветол зрак ја осветлува Македонија. Рекламните пораки „Сонцето на Македонија“ и „Македонска Гордост“ се поставени во горниот и долниот дел од рекламата. Логото на компанијата „ Haus Neuerburg“ е поставено горе лево.

Рекламните статии во весниците за сортата „Гордост“ изобилувале со ориентална романтика. Македонија била опишана како регион во кој што се измешале многу култури, вери и јазици во една ориентална хармонија. Македонскиот тутун по квалитет се споредувал со тутунот од Бразил, Куба и Суматра.

Бизнисот тргнал. Цигарите „Гордост“ биле голем успех. Браќата отвориле втора фабрика во Келн. Во 1959 година ја продаваат фирмата за огромни пари на американскит тутунски гигант JR Raynolds, и започнуваат со производство на сортата Camel. Во 1999 година, JR Raynolds е купен од јапонскиот тутунски гигант Japan Tobacco или JT International. Марката „Гордост (Overstolz)” е единствена марка која ги преживеала сите овие финансиски турбуленции и сеуште се продава и до ден денес. И после скоро 100 години „Сонцето од Македонија“ сеуште свети.

Следете #artlexicon

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис Времето денеска: Сончево и многу топло, попладне – локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Следен напис Сточарите најавуваат зголемување на цената на домашното сирење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?