Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сточарите најавуваат зголемување на цената на домашното сирење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сточарите најавуваат зголемување на цената на домашното сирење
Агровести

Сточарите најавуваат зголемување на цената на домашното сирење

Објавено 19/08/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сточарите кои произведуваат домашно сирење без додатоци во своите млекарници на бачилата најавуваат дека цената ќе ја зголемат за околу 30 прoценти. Група сточари од Брегалничкиот регион велат дека корекцијата на цената во нагорна линија ќе ја направат деновиве или до 1 септември.

Домашното сирење во моментот го продаваат по цена од 500  денари за килограм, а со најавеното зголемување се очекува максималната цена да достигне и до 700 денари за килограм. Причините за најавеното зголемување е што немаат работници, потоа климатските промени, а сирењето, како што наведуваат за МИА, го прават сто проценти природно без додатоци.

Токмку од овие причини не е исплатливо да се произведува сирење и млечни производи во домашни услови, а резултатите што ги гледаме на терен се: младите не сакаат да работат и да продолжат со сточарството. Затоа се продаваат цели стади на овци, велат овие сточари од Брегалничкиот регион.

Посочуваат дека ако пред пет години во Малешевијата, најголемиот сточарски регион во источна Македонија, биле евидентирани 16 000 овци, сега нивниот број е речиси преполовен или, според нив, изнесува над 8000 овци.

Тие упатија и апел до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да се коригира рокот за чување на пријавените овци, од 1 декември на 1 октомври. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:мзшвовцисирењецена
Претходен напис „Гордост“ пред 100 години – Интересна сторија за квалитетот на македонскиот тутун
Следен напис Германско семејство кое се враќало од Хрватска го запрела австриска полиција: Она што го виделе во нивниот автомобил ќе го паметат цел живот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?