Во Ротердам се наоѓа првата фарма што плови, во светот. Во моментов таа има 32 крави, а нивното млеко, како и млечните производи може да се купат во продавниците во градот, како и во самата фарма.
Пристаништето Ротердам, во Холандија, во 2018 година се подготвувало за првата фарма што плови, во светот и која всушност претставува бетонски сплав на три ката. Се планирало во оваа фарма да има 40 крави кои ќе даваат 1.000 литри млеко на ден.
Денес, во областа на пристаништето Мервехавен, фарма што плови, осмислиле и започнале да работат на неа, Питер и Минке ван Вингерден од Беладона, фабрика која е специјализирана за архитектура на вода, Фармата всушност била проектирана од страна на архитектонското студио Голдсмит, и со тоа се докажало дела производството на храна може да биде помалку зависно од климатските промени.
Во моментов имаат 32 крави, а нивното млеко, како и млечните производи може да се купат во продавниците во градот, како и во сопствената продавница на фармата.
Проект на иднината
Проектот е замислен како решение за иднината, кога се очекува поради зголемување на нивото на морето да има повеќе поплави, со тоа да се намалат обработливите површини. Исто така целта е на иновативен начин да се врати земјоделството во градот, со минимално влијание врз животната средина.

„ Се очекува,населението до 2050 година да се зголеми за 3 милијарди луѓе “, изјави тимот кој работи на овој проект. Исто така факт е дека обработливите земјоделски површини нема да се зголемат. „Напротив, обработливото земјиште станува сè помало со оглед на тоа што климатските промени придонесуваат да има повеќе врнежи од и поплавување на обработливите површини. Затоа, треба да пронајдеме систем прилагоден на денешната клима со што ќе продолжиме да го храниме градот“, велат изведувачите.

Минимално влијание врз животната средина.
Целокупната електрична енергија за своите потреби, фармата сама ја произведува со помош лебдечки соларни панели , а водата за добитокот ја обезбедува преку интегриран систем за собирање дождовница.

Покрај вообичаената храна, кравите јадат и трева од игралиштата и од голф терените, заедно со остатоците од прехрамбените производи како што се лушпи од компири и трици од градските мелници. Во план им е да ги искористат и остатоците од овошјето и зеленчукот од локалните ресторани. Во исто време, истите тие ресторани ќе ги снабдуваат со свежо млеко, јогурт и други производи Шталското ѓубриво се разбира, се користи за создавање природно ѓубриво. Како што велат идејните дизајнери и сопственици на оваа фарма, ова е кружна економија во вистинска смисла на зборот.

Транспортот на крави денес честопати се врши преку вода. Компанијата која стои зад овој проект тврди дека Австралија често извезува дури 800.000 крави годишно, а животните при транспортот се сместени на големи бродови со недели, така што тие не гледаат проблем во тоа што фармата ќе биде на вода.
Технологија за подобрување на земјоделството
Тимот сака да покаже дека ваквата технологијата може да се користи за подобрување на целокупниот земјоделски процес. Значи, на фармата има роботи за молзење и чистење. Тука е и автоматизираната дистрибуција на добиточна храна. Ако проектот се покаже како успешен, тие планираат да го прошират бизнисот со пловечка стаклена градина за производство на свежо овошје и зеленчук за градот.
Извор :Агроклуб.рс
