Agrotim

  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој

Шапуриќ: Сиот договорен тутун ќе се откупи до 29 февруари


Откупот на тутунот привршува, се откупува под силен инспекциски надзор и сите откупувачи ветуваат дека до крајот на откупната кампања, 29 февруари, ќе се преземат сите договорени количества тутун, изјави директорот на Земјоделскиот инспекторат Зоран Шапуриќ кој денеска направи увид на откупните пунктови во Долненско.

Според Шапуриќ, кој беше во обиколка на 30-ина откупни пункта во прилепско и во Долненско, инспекторите се постојано на теренот со ветувањето на откупувачите до петок да ги држат отворени откупните пунктови, а потоа да има дежурни кои ќе ги прифаќаат останатите количества тутун. До денеска се откупени 97 отсто од договорените 26.500 тони тутун во земјава. Инспекторатот будно следи дали се отворени пунктовите и се откупува според прописите. За тоа дали има укинување на класи, надлежни се поверениците.

-Инспекторатот има силен надзор на откупот на тутунот во земјава. Во 2015 година инспекторатот имал 1432 инспекциски надзори на пунктови за откупот на тутунот, во 2016 година се 758 надзори, во 2017 се 3440, во 2018 година се извршени 2850, лани се 2990 инспекциски надзори, а годинава, до пред два дена, се извршени 364 инспекциски надзори на пунктови за откуп на тутунот. Тоа значи дека инспекторите се постојано на теренот, разговараме со откупувачите што подолго да бидат отворени откупните пунктови, а кога нема прилив на тутун, да останат отворени дежурните откупни пунктови. Откупот трае до 29 февруари. Досега се откупени 97 отсто од договорените количества тутун. Разговараме со откупувачите по петок да има, во нивна близина, отворени дежурни откупни пунктови, така што, цело време им стоиме на располагање на производителите и на откупувачите, изјави Шапуриќ.

Тој напомена дека некаде проблеми може да има со класите за откуп на тутунот, а и во случаите кога некои не договориле откуп, а бараат од откупувачите да се преземе.

-Откупувачите ветуваат дека сѐ што ќе се донесе до 29 февруари, секој грам тутун ќе биде откупен. Секако, станува збор за пазарна економија. Како инспекторат следиме да се запазуваат процедурите за откуп, исправноста на вагите. Има и производители кои го чекаат и последниот ден за откуп, но и за нив нема да бидат затворени вратите за откуп. Најдовме разбирање со откупувачите, иако деновиве имаше слаба динамика, да ги отворат пунктовите, барем до петок, а наредната недела, зависно од динамиката, да има дежурни пунктови. Вчера во Црнилиште, Долненско, беше отворен пунктот, но имаше многу мала заинтересираност на производителите за откуп. Надлежност на инспекторатот се процедурите и отворените пунктови, а не вршиме притисок за класите, рече Шапуриќ.

Инаку, динамиката на откупот во почетокот беше добра. Во вториот дел на откупната кампања може да се рече дека дел производители чекаа со откупот да добијат подобра цена, што е нивно право. Шапуриќ вели дека тутун од соседните земји увезла компанијата „Алијанса“, но од сорти кои ги нема во земјава и не влијае на откупот.

-Што се однесува до увозот на тутун од соседните земји, соопштивме и потсетувам дека компанијата „Алијанса“ од Кавадарци има увезено околу 1.000 тони тутун од Бугарија, од две сорти тутун, што не постојат во земјава (сортите „Крулоград“ и „Катерини“) што не е поврзано со откупот на македонскиот тутун. Тој увезен тутун се преработува и со додадена вредност се извезува на светски реномирани производители на цигари. Ова не влијае на македонскиот откуп, а обезбедува поголем прилив на девизи во земјава, објаснува Шапуриќ.

Инаку, во земјава се договорени 26. 500 тони тутун од кој се откупени 97 отсто. Откупот е до 29 февруари и сите откупувачи ветија дека сиот договорен тутун ќе го преземат до крајот на откупната кампања. Проценителите работат и доколку некој не е задоволен, има право на жалба без никакви последици.

Производителите од Долненско, Црнилиште и од Дебреште сѐ уште не се задоволни со откупот по класи, зашто, велат, им го проценуваат квалитетниот род за класа до две пониско.

Фев 11, 2020agrotim1
МЗШВ: Секој млад земјоделец од 18 до 40 години, којшто ќе ги исполни пропишаните критериуми, ќе добие неповратна финансиска поддршка до 20.000 евраФарма која плови: Кравите се хранат со остатоците од рестораните и го снабдуваат градот со млеко

Напишете коментар Откажи одговор

11/02/2020 Агровестиинспекторат, откуп, тутун, Шапурикќ195

Соработка

Агротим е секогаш отворен за соработка со фирми или поединици. Повеќе информации за Агротим:

Phone: + (389) 71 225-345

Email: [email protected]

Изработка на апликации за ИПАРД и ФИТР

За информации и изработка на апликации за јавните повици на ИПАРД и Фонд за иновации и технолошки развој:

Phone: 071 285 385

Email: [email protected]

Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


Накратко за нас

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

Страници
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Услови за користење
  • Контакт

Сите права се задржани © АГРОТИМ МК - 2019