Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Расте увозот во Јапонија – свинското месо најмногу се бара
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Расте увозот во Јапонија – свинското месо најмногу се бара
Пазари

Расте увозот во Јапонија – свинското месо најмногу се бара

Објавено 12/02/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првата година од Договорот  за економско партнерство помеѓу ЕУ и Јапонија, покажа пораст на извозот на европски производи, а после неговото целосно спроведување Јапонија планира да ги укини царините за 97% од производите.

Помина една година откако стапи на сила договорот за економско партнерство помеѓу ЕУ и Јапонија (ЕПА) на кој целта му е да се намалат бариерите кои ги ограничуваат земјоделските извозници од ЕУ и да се даде можност полесно да стигнат до 126 милиони јапонски потрошувачи. Со овој договор намалени се или целосно укинати 85% од царините за увоз на земјоделски производи.

Во првите десет месеци од спроведувањето на договорот, извозот од ЕУ  во Јапонија се зголемил за 6,6 % во однос а истиот период  предходната година. Тој процент е најголем во последните три години. Исто така се зголемил и јапонскиот извоз во Европа, за 6,3% пишува во во извештајот на Европската комисија.

 “Трговскиот договор помеѓу ЕУ и Јапонија им користи на граѓаните, работниците, земјоделците и на фабриките како во Европа така и во Јапонија. Отвореноста, довербата и посветеноста кон  утврдените правила помагаат за пораст на трговијата. Европската унија била и ќе продолже да биде најатрактивен трговски блок на светот. Таа е доверлив трговски партнер на повеќе од 70 земји со кои имаме најголема трговска мрежа“ коментираше претставникот за трговска размена Phil Hogan.

Пораст по сектори

Одредни сектори забележале уште поголем раст на извозот за ист период, па така извозот на месо е зголемен за 12%, и тоа на  свинско месо  за 12,6% а на замрзнато говедско месо дури и тројно се зголемил. Извозот на млечни производи се зголемил за 10,4%( вклучувајќи го и извозот на путер за 47%), додека извозот на вино се зголемил за 17,3%. Кога станува збор за производите и облеката од кожа, се забележува зголемување од 14%, односно 9,5%. Извозот на електричните апарати како што се на пример телекомуникациската опрема и електронските постројки пораснал за 16,4%.

ЕПА договорот помеѓу ЕУ и Јапонија претставува можност за европските фабрики да извезуваат во Јапонија со намалени царински давачки во висина од милијарда евра  годишно.

Секторите кои имаат корист од овој договор станаа поконкурентни на јапонскиот пазар бидејќи со помош на ЕПА се намалиле трошоците за извоз. Така на пример француската земјоделска задруга  HEMP специјализирана за сертифициран семенски материјал, соработува со јапонската задруга која се занимава со земјоделски коноп ,па заедно се обидуваат повторно да го вратат традиционалното одгледување на оваа култура во Јапонија. Од друга страна , ирското говедско месо во Јапонија се продава по конкурентни цени. Со извозот. на ова месо се сака да се потенцира високиот европски стандард за сигурност на храната, нејзиниот квалитет и трајност.

По целосното спроведување на договорот, Јапонија  целосно ќе ги укине царините на 97 % од производите кои се увезуваат од ЕУ. Годишната трговија помеѓу ЕУ и Јапонија би можела во тој случај да се зголеми за речиси 36 милијарди евра.

Извор : Агроклуб.рс

Може да ви се допадне

Директорот на Царина Николовски: Со месеци работиме на истрага за акцизна стока – нешто на што досега било незамисливо да се работи
59-та Директорска конференција на Платежни агенции од Европска унија
ЕУ ги суспендира царините за клучните ѓубрива што се користат во земјоделското производство
Кина ќе го возврати ударот врз Европската Унија поради законот „Made in Europe“
Царина: Во две недели спречени четири обиди за криумчарење злато
Таг:Европска унијаизвозЈапонијаувозцарина
Претходен напис Фарма која плови: Кравите се хранат со остатоците од рестораните и го снабдуваат градот со млеко
Следен напис Времето денес, врнежливо со температури до 15 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?