Правилното ѓубрење кај житарките е неопходен фактор кој доведува до квалитетни приноси.
Покрај азотот, исто така и фосфорот, калиумот, магнезиумот и сулфурот заедно со
микроелементите имаат решавачка улога за приносот и квалитетот на крајниот производ. За да
биде ѓубрењето изведено квалитетно и соодветно треба да се прави разлика помеѓу внес на
хранливи материи и потребата на растението за исхрана. Под потреби за исхрана се подразбира
количината на хранливи материи кои им се потребни на растенијата и кои тие ги апсорбираат за
постигнување оптимални приноси и совршен квалитет.
Калиумот е неопходен за високи приноси и квалитет. Тој има важна улога во главните
метаболитички процеси на растението.
Ѓубрењето со калиум е гаранција за високи приноси.
Ја регулира водата во растението,ја зголемува отпорноста кон суша
Ја зголемува отпорноста кон мраз
Влијае врз зацврстување на клеточните ѕидови, а со тоа ја намалува подложноста на
полегнување
Ги подобрува квалитативните карактеристики, доведува до поквалитетни приноси
Присуството на калиум во почвата треба да биде умерено застапено
Ако не се ѓубри со калиум доаѓа до намалување на приносите и тоа до 4% кај почви со умерено
присуство на калиум, до 13% кај почви со ниско присуство на калиум и до 23% кај почви со многу
ниско присуство. Калиумот влијае и врз ТИЗ (тежината на илјада зрна) која може да достигне
оптимални вредности и тоа како резултат на подобрено создавање асимилати во лисјата, нивниот
забрзан пренос во зрната, како и на урамнотежената состојба на водата. Од разни испитувања
утврдено е дека просечното зголемување на ТИЗ изнесува 2,5 гр во случај на оптимално ѓубрење
со калиум во споредба со намалено ѓубрење со калиум.
Калиумот влијае и врз зголемување на процентот на зрна чија големина надминува 2,5 мм.
Најголема придобивка од ова има кога се однесува на пивскиот јачмен и на семенскиот материјал. Калиумот е значаен и од аспект што тој активира многу ензими кои учествуваат во
фотосинтезата и создавањето на белковини во зрното. Добрата снабденост со калиум доведува и
до максимално искористување на азотот во растението. Тоа доведува до зголемување на
содржината на белковини, на индексот на седиментација, како и на количините на глутен.
Здравите растенија се отпорни на стрес.
Јакнењето на клетките на растенијата во земјоделството
има низа предности:
Зголемена отпорност кон габични заболувања
Растенијата се помалку склони на полегнување поради подобрата стабилност на стеблото.
Ова е посебно важно во органското производство, затоа што се избегнува користење на
производи за јакнење на стеблото.
Ѓубрењето со калиум ја зголемува отпорноста на стрес предизвикан од суша, мрзнење,
жештина, дамкосување на лисјата од непаразитска природа (црни дамки, изгореници)
Во случај кога не се внесува доволно калиум осетливоста на штетни влијанија од околината
се зголемува, а растенијата може да добијат црно-кафеави дамки.
Слаѓана Калајџиеска Бебекоска, АПРЗ РЕ Струга
