Не постојат пчели што произведуваат лош мед. Лошиот мед е резутат на индустријата или на лошите , несовесни и необразовани пчелари. Нас ни е мило што нашиот труд е препознат , а најдобар доказ за тоа се задоволните купувачи-вели Далибор Чајко.
“Земјоделското стопанство Далибор Чајко постои од 2003 година, а љубовта кон пчеите во фамилијата се развила уште во средината на минатиот век кога дедо Томе почнал да се заннимава со тоа исклучиво како хоби“- објаснува Далибор кој е носител на земјоделското стопанство. Карактеристично е тоа што неговиот дедо се занимавал со стационирано пчеларство, а љубовта, традицијата и интересот за оваа дејност се пренесувала од колено на колено.

Фамилијата посериозно започнува со овој бизнис во 2011 година кога помладиот брат на Далибор, сериозно почнал да се интересира за пчелите и почнал да работи со дедо му за да може да ги научи основите на пчеарството. “ Една година подоцна во светот на пчеларството влегов и јас. Извесно време работевме заедно , но брат ми поради друга работа замина во Загреб, па останав јас да се грижам за пчеите. Лесно е да се заљубиш во оваа работа и тоа го почувствував на сопствената кожа. Само ми е жал што чекав толку време“-искрено раскажува Далибор кој бил вработен во сериозна фирма, а сепак имал желба да се посвети само на пчелите. Тоа му се оствари во 2019 година.
„Куќа на медот – Жупања“ е проект кој им обезбедил препознатливост
Бидејќи за сериозен бизнис потребни се поголеми вложувања се решил да се здружи со својот пријател, инаку почетник пчелар Крешимир Чолиќ, со можеле да ги намалат трошоците и да набават пчеларска опрема и алати неоходни за сериозен бизнис. Пчелните кошници ги поставиле на разни места, од местото Илока па до Горна Бачуга, покрај Петриња каде што има костени. Семејството Чајко има во своја сопственост 2,5 хектари земја и тоа поголемиот дел е насаден со фацелија и други медоносни растенија , а имаат и ореви.

Напоредно со здружувањето се раѓа и заедничката идеја за Куќа на медот- Жупања.“Со огед на тоа дека по професија сум инженер по информатика, сам ги дизајнирав етикетите, направив веб странa веб продавница и наскоро секој наш чекор ќе може да се следи на интернет. Од сaмиот почеток квалитетот ни беше на прво место и тоа саквме да им го покажеме на сите.“ вели Далибор.
Оваа работа е обемна и напорна но кога се работи со љубов тогаш се е полесно. “Со овој проект излеговме на пазарот и нашиот бренд стана препознатлив. Куќата на медот е место каде што нашите купувачи имаат можност да ги пробаат пчеlните производи, дополнително да се едуцираат и да поразговараат за се што сакаат. Веруваме дека тоа е вистинскиот начин за да се зголеми потрошувачката на пчелни производи која во моментот по глава на жител во Хрватска е премногу ниска“-велат тие.
Во новотворниот едукативно-продажен простор ќе бидат организирани посети на кои ќе биде презентирана целата постапка од поле до маса: вадење на медот од кошницата, контролирање на влагата и зрелоста, отстранување на рамката, филтрација, хомогенизација, полнење на теглите и лепење на етикетите. Сите информации ќе бидат достапни на веб страната и на социјалните мрежи.

Во Куќата на медот наполнета е првата национална тегла
Ова земјоделско стопанство своите производи ги пласира директно на пазарот бидејќи така остварува најдобра цена, но и директен контакт со купувачите кој исто така е многу важен. Се обидуваат на купувачите да им ја покажат неопходноста од користењето на пчелните производи во секојдневната исхрана , како и нивното благотворно дејство врз здравјето.
„Тајната за производство на вистинскиот, природен мед, пчелите ја носат во нивните тела и во органите за варење на храната каде што го произведуваат медот, и овој производ е скоро незаменлив во исхраната на човекот. Не постојат пчели што произведуваат лош мед. Лошиот мед е резутат на индустијата или на лошите , несовесни и необразовани пчелари. Нас ни е мило што нашиот труд е препознатлив , а најдобар доказ за тоа се задоволните купувачи.
„Ние сме исто така носители на ознаката „Мед од Хрватски пчеларник“, а тоа е особено важно бидејќи медот кој ја носи оваа ознака се контролира во лабораторијата на Министерството за земјоделство . Во нашата Куќа на медот наполнета е првата национана тегла која на промоцијата ,ја наполна тогашниот министер за земјоделство Томислав Толушиќ“- вели Чајко.

Исто така ја искористиле и мерката 6.3.1 од проектот за Рурален развој за да направат автоматски полнач на мед . Проектот го пишувале сами, а најголемата работа тука ја направил најмладиот брат Томислав Чајко кој по струка е дил. економист.
Произведуваат висококвалитетен мед за кој добиваат и бројни награди
Производите ги направиле за оние купувачи кои се грижат за своето здравје па затоа сакаат да консумираат домашни производи кои секогаш одново ќе ги воодушеват со високиот квалитет, вкусот и здравствените ефекти. Тие се определиле само за висококвалитетен мед, за што сведочат бројни златни и сребрени медали како и разни признанија.
Пласманот може да се подели на два основни сегменти: редовна продажба (продажба на мало во текот на целата година) и продажба на пакети за разни пригоди. “Купувачите на нашите производи можат да се поделат во две главни групи. Првата група ја сочинуваат клиенти кои првенствено се грижат за квалитетот и хранливата вредност на производите што ги купуваат. Тоа се, претежно жени, на возраст меѓу 30 и 65 години. Тие првенствено се вработени жени кои ги купуваат производите за себе или за своите деца и семејството. Втората група е претставена од компании. Оваа група на клиенти ги избираат нашите производи со цел да донира на деловни партнери или едноставно да го препродава медот.Основната причина за изборот на нашиот мед во овој случај е атрактивниот визуелен идентитет на нашите производи.
По втор пат Медот од Хрватските пчелници го претставија на Зелената недела во Берлин

Ние нудиме 10 сорти на висококвалитетен мед, 7 видови мешавини на мед, полен, прополис и матичен млеч. Мешавините од мед се прават со употреба на 4 типа мед и природни здрави додатоци како што се ѓумбир, аронија, цимет, анасон. Квалитетот го препознаа купувачите со различна куповна моќ, кои и покрај поевтиниот и донекаде сомнителен квалитет на понудениот мед во трговските центри, се враќаат кај нас и ја потврдуваат исправноста на нашата бизнис визија“, наведуваат тие. Со цел да бидат што е можно подобри, тие постојано се надоградуваат преку разни едукации, специјализирани семинари, следење на трендовите за размножување, соработка и споделување искуства со други пчелари.

На прашањето дали е можно да се склучат договори за откуп, тие велат дека такво нешто е незамисливо кај нас. Откупувачите генерално им нудат мизерна цена, па затоа пчеларите одлучуваат сами да ги продаваат своите производи. “Се претставуваме на саеми во земјава, како што е Медитеранскиот саем во Дубровник, или на саеми во странство како што е најголемиот саем за храна во Европа,„Зелена недела во Берлин“. Оваа година, како единствени претставници на пчеларство од Хрватска, по втор пат, го претставивме„Медот од Хрватски пчелник“, гордо раскажува Далибор Чајко.
Извор:Агроклуб.рс
