Компанијата „Вања стар“ повеќе од 10 години се занимава со производство на пластични држачи за црева наменети за системот капка по капка. Тоа е единствената македонска компанија која ги произведува овие црева и ги снабдува поголемиот дел од лозјата во околината на Кавадарци. Цената е многу пристапна, 2 денари за парче и значително поевтина од држачите кои се увезуваат од Италија и Грција.
Се работи за држачи за црева кои се наменети за систем капка по капка Ф16 и Ф20 кои најчесто се употребуваат во лозарството. Самите држачи се поставуваат на жицата и на самото црево, а растојанието од самата жица до цревото е 14 см. Цревото е направено според стандарди за да не пречи при извршувањето на сите пропратни работи како што се закројување, врзување, берење итн.
„За квалитетот можеме да гарантираме затоа што држачите се прават од исклучиво издржлив материјал како полипропилен и HDP.“, велат од „Вања пром“
Повеќе информации околу производот можете да добиете на 070/394387.






