
Европскиот завод за патенти (ЕPО) го призна патентот на компанијата Syngenta за семиња и хемикалии за класично одгледани пиперки со природна отпорност на бели мушички EP2140023, пишува Hortidaily.
Постапката е завршена девет години по приговорот.
Новата одлука доаѓа и покрај одлуката од 2017 година дека природните својства во растенијата и производите не можат да се патентираат, што е голем удар за широката коалиција од 24 организации од 27 земји кои се спротивставија на овој патент во 2014 година.
„Многу сме разочарани. Овој патент никогаш не требаше да биде одобрен. Syngenta не измисли ништо. Она што тие го направија е дел од стандардната практика на одгледување“, вели Маике Раијмејкерс, проект менаџер за биолошко одгледување и размножување на Bionext.
Разочарувањето е уште поголемо бидејќи законската регулатива повеќе не дозволува патентирање на природните својства. Карактеристиката за која компанијата тврди дека е нејзин изум доаѓа од дива пиперка од банката за гени во Вагенинген. Ова е причината зошто компаниите за семиња кои земаат генетски материјал од банка за гени за употреба во нивната програма за размножување мора да потпишат изјава со која ветуваат дека нема да го патентираат.
Пресудата, велат тие, претставува „кошмар“ за стотици други барања за патенти поврзани со природните својства на овошјето и зеленчукот, поднесени пред 1 јули 2017 година. ЕPО би можел да ги одобри, а последиците ќе бидат исклучително тешки.
Другите компании за семиња нема да можат да користат патентирани карактеристики за слободно развивање на нови сорти. Тоа би значело намалување на разновидноста на асортиманот, повисоки цени и поголема зависност од одгледувачите и фирмите за семиња.
Напишете коментар