На денешната прес-конференција на која беше презентиран предлог-буџетот за земјоделството за 2023 година, министерот Николовски информираше дека во Програмата за Рурален развој ќе се воведе нова мерка наречена „Бизнис план во земјоделството“ со грант до 600.000 денари.
„За првпат во 2023 година за земјоделците коишто егзистираат од земјоделството воведуваме нова мерка во Програмата за Рурален развој наречена Бизнис план во земјоделството, со грант до 600.000 денари. Создаваме можност земјоделците сами да си одберат што најмногу им треба на јавен повик кој ќе биде отворен и ќе трае во текот на целата година и на кој ќе можат да аплицираат тогаш кога ќе бидат подготвени, без рокови и без брзање.“, рече Николовски
