Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба Николовски – Пеци: Ги пренесуваме позитивните искуства во ИПАРД програмата, продлабочувајќи ги односите меѓу Северна Македонија и Косово
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба Николовски – Пеци: Ги пренесуваме позитивните искуства во ИПАРД програмата, продлабочувајќи ги односите меѓу Северна Македонија и Косово
Агровести

Средба Николовски – Пеци: Ги пренесуваме позитивните искуства во ИПАРД програмата, продлабочувајќи ги односите меѓу Северна Македонија и Косово

Објавено 30/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска одржа работна средба со министерот за земјоделство, шуамрство и рурален развој на Косово, Фатон Пеци.

Двајцата министри, на средбата, истакнаа дека ова е добра можност за унапредување на меѓусебната соработка, како и можност за меѓусебна размена на искуства и добри практики во развојот и модернизацијата на земјоделството.

Преку Меморандумот за соработка помеѓу двете министерства на Северна Македонија и Косово, потпишан на заедничката седница помеѓу владите одржана во септември 2021 година, се регулира меѓуебната соработка и размена на искуства за ИПАРД програмите.

Република Северна Македонија е земја лидер во регионот по искористеност на средства од ИПАРД програмите, со високи 95% искористеност на средствата. Таквите резултати ги потврди и Европската Комисија која од следната ИПАРД 3 програма ја зголеми за 62% поддршката кон Северна Македонија. Министерот Николовски на средбата нагласи дека токму ова наше позитивно искуство сакаме да го споделиме, помагајќи им на институциите во Косово успешно реализирање на ИПАРД програмите и можностите за развој и модернизација на земјоделството кој оваа програма ги нуди.

Двајцата министри на средбата разговараа и за добрата меѓусебна соработка во делот на меѓусебната размена на земјоделско – прехранбени производи, како и за добрата соработка меѓу агенциите за храна и ветеринарство.

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:ецниколовскипеципцифатон пеци
Претходен напис Правилник на АХВ за безбедност на храната во однос на максималните нивоа на одделени контаминенти
Следен напис Бачовски: Започна дистрибуцијата на нашите домашни македонски јаболка, во рамки на проектот “Здрава ужинка за секој ученик”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?