Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени финансиски средства од Интервентен фонд
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Исплатени финансиски средства од Интервентен фонд
Фондови

Исплатени финансиски средства од Интервентен фонд

Објавено 30/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ на подмерката од Интервентниот фонд која предвидува финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи и финансиска поддршка за произведена и предадена слива .
-Исплатени се 41.691.315,00 денари кон 1.630 корисници на подмерката за финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи за период од 13.04.2022 година до 07.05.2022 година.
Корисници на оваа подмерка се регистрираните земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат производство на зелка и истата ја имаат предадено на регистрираните откупувачи запишани во Регистерот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во МЗШВ, и тоа за максимална предадена количина на зелка од 30.000 кг по хектар пријавена површина. Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм произведена и продадена зелка.

-Исплатени се 13.329.398,00 денари кон 478 корисници на подмерката за финансиска поддршка за произведена и продадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20 август 2022 до 30 септември 2022 година .
Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат овошен насад од слива и истата ја имаат предадено на регистрирани откупувачи запишани во Регистерот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во МЗШВ , и тоа за максимална предадена количина на сливи од 17.000 кг по хектар пријавена површина. Висината на финансиската поддршка за откупена слива во месец август изнесува 2 денари по килограм , а во месец септември изнесува 4 денари по килограм.

Грижата за земјоделците останува во нашиот фокус, а крајната цел е зголемено домашно земјоделско производство. – истакна директорот Бачовски.

Може да ви се допадне

Исплатени 59 942 278 денари од интервентен фонд за произведено вино
Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
Објавен повик за Мерка 7 од ИПАРД: 600 000 евра грант за рурален туризам, алтернативно производство, ветеринарни станици…
Трипуновски: Дополнителни 5 денари за килограм за производителите на сливи
Објавен ИПАРД јавен повик за МЕРКА 7: 14 милиони евра неповратна финансиска поддршка
Таг:интервентен фонд
Претходен напис Трговците децидни: Сега да се направат анализи на овие јаболка што ќе одат за Русија, нема да најдат ниту една бубачка на 20 тони пратка
Следен напис Афлатоксини – Концентрацијата на токсините во сирењето може да биде неколкупати поголема отколку во млекото од кое се прави
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?