Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Разговор со Љупчо Јаневски на тема рурален туризам: Да им овозможиме на туристите автентично сместување со европски услови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > (ВИДЕО) Разговор со Љупчо Јаневски на тема рурален туризам: Да им овозможиме на туристите автентично сместување со европски услови
Рурален Развој

(ВИДЕО) Разговор со Љупчо Јаневски на тема рурален туризам: Да им овозможиме на туристите автентично сместување со европски услови

Објавено 25/11/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На тема рурален туризам, ено-гастро концепт, еко туризам, дестинации на кои досега не сме им посветувале внимание, а кои треба да ги гледаме како светли точки за иднината на македонскиот туризам, разговаравме со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

-Руралниот туризам мора да процвета. Треба да биде практикуван од локалното население кое директно треба да го види бенефитот. На тој начин ќе можеме да сметаме на поголема услуга, на повеќе мали бизниси, отворање на семејни бизниси и нови зелени работни места, бидејќи без тоа нема да можеме да сметаме на намалување на миграцијата. Потребно е да се создадат тимови. Тимови на локално ниво што ќе овозможат брза помош на сите кои сакаат да искористат одредени линии од Европската Унија од Светска банка. Сè она што треба да направиме е да си веруваме едни на други. Да создаваме трајни врски помеѓу извршната и локалната власт, да му овозможиме на приватниот сектор што повеќе можности, да ги обучиме, да не се срамиме да признаеме дека ни е потребна помош. – вели Јаневски.

Според Јаневски, применување на рурални форми на туристичка понуда е иднината и вистинскиот правец каде што треба да се развива македонскиот туристички сектор.

-На пример, ако сакаме да ја развиваме Преспа и во текот на денот можат да дојдат дури 20-25.000 туристи да ја посетат, не е возможно тоа да се случи само со 800 кревети. Треба што повеќе да учиме, да се обучуваме кон тоа што значи еко, органско производство, тоа што значи применување на рурални форми на туристичка понуда, тоа што значи ено-гастро концепт. Тоа е иднината и вистинскиот правец каде што треба да се развива македонскиот туристички сектор. Да ги отвориме своите куќи за туристите. Да им овозможиме автентично сместување со европски услови, со стандарди кои ќе бидат доволно категоризирани, сместувачки капацитети со коишто ќе се гордееме, и во наредните неколку години да имаме за 20 можеби и 50% повеќе искористеност на ИПАРД програмата, а ние да добиеме можеби неколку илјади сместувачки капацитети. Затоа низ годините ИПАРД програмата е една од најидеалните мерки кои можат да се применат во туристичката индустрија, да се применат со план, со стратегија и да се отворат нови сместувачки капацитети во туризмот во локалниот економски развој кој според мене во овој момент ни е една од најслабите точки. – рече Јаневски.

Напоменувајќи дека туристите во Македонија се сконцентрирани најмногу во Скопје и во Охрид, Јаневски потенцира дека со развивањето на руралниот туризам, еко-туризмот, алтернативните форми на туристичката понуда, за брзо време туристите нема да ни бидат концентрирани 60 до 70% во два туристички региони, туку тоа ќе биде на ниво на целата држава.

-Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот треба да прерасне во национална туристичка организација која ќе формира неколку организации за дестинациски менаџмент кои ќе управуваат со дестинациите токму кај нас. Исток, запад, север, југ се дестинации кои ќе развиваат туризам, ќе развиваат различни форми на туристичка понуда и за многу брзо време туристите нема да ни бидат концентрирани 60 до 70% во два туристички региони, туку тоа ќе биде на ниво на целата држава. Тогаш ќе ја намалиме сезоналноста, нема да имаме големи пикови и ќе имаме поголеми нови работни места во руралните средини. Тогаш ќе можеме да зборуваме за женското претприемништво, за младите кои ќе останат пред своите огништа, ќе ја намалиме миграцијата, а тој процес не е утопија, туку кон него треба да се работи во наредните пет или десет години.

Очекувам во наредните пет години сè повеќе вложувања во туризмот, пред сè во руралниот, сместувачки капацитети, поголема интерактивност со општините, поголемо приближување на локалната и извршната власт и создавање тимови кои во самите општини ќе овозможат генерирање на средства од европските и светски фондови, бидејќи тоа во овој момент ни недостасува.- вели Јаневски.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Што значи органско производство во преод?
Посебни начела кои се применуваат во органското земјоделско производство
Кои се целите на органското земјоделско производство
Таг:ено гастро концептљупчо јаневскиорганско производстворурален развој
Претходен напис (ФОТО) Николовски и Гечев ги посетија винаријата „Попови“ и компанијата „Еко Груп“
Следен напис ИНТЕРВЈУ со Никица Бачовски: ИПАРД 3 – Нови сектори, зголемени прагови на инвестиции, дозволено производство на енергија и за продажба…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?