Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ФОТО) Николовски и Гечев ги посетија винаријата „Попови“ и компанијата „Еко Груп“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ФОТО) Николовски и Гечев ги посетија винаријата „Попови“ и компанијата „Еко Груп“
Агровести

(ФОТО) Николовски и Гечев ги посетија винаријата „Попови“ и компанијата „Еко Груп“

Објавено 25/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот Николовски е домаќин на министерот за земјоделство на Република Бугарија Јавор Гечев. Министрите се согласија дека земјоделство треба заеднички да се развива помеѓу нашите две земји, а зајакнувањето на меѓусебната размена на земјоделско прехранбените производи на пазарите во двете држави особено во услови на светска криза е приоритет.

Николовски и Гечев ја посетија винаријата „Попови“ во Кавадарци.

„Малите семејни винарии се мојата гордост. Иницијативата што ја започнав како министер, за развој на малите семејни винарии, денес вроди со успех, со плод. Една таква гордост е винаријата „Попови“, која ја посетивме денеска заедно со министерот за земјоделство на Република Бугарија Јавор Гечев.

Споделивме уште едно позитивно искуство со нашите соседи. Со грантови од 10.000 евра ги поддржуваме малите производители. Како министерство даваме силна поддршка за да се претстават на светските саеми и манифестации. Доказ за успешните политики кои ги водиме е рекордниот раст на формирани мали винарии, дури 60 годинава.


Со новиот модел за субвенционирање на лозарите покрај основните субвенции како дополнителна субвенција се утврдува и поддршката за винското и трпезно грозје. Наша цел е македонското сортно вино да биде препознаено низ целиот свет.“, рече Николовски.

Исто така, двајцата министри ја посетија и компанијата „Еко Груп“, која произведува производи од органски суровини.

„Ги споделуваме позитивните искуства со нашите соседи и ќе ја добиеме поддршката во фондовите поврзани со модернизација на земјоделството. Во посета сме на компанијата „Еко Груп“ во Кавадарци која произведува втеглени производи од органски суровини. Органски ајвар, лутеница, доматна салса, намази и уште многу други производи се на менито на оваа мала компанија која се пробива и на бугарскиот пазар.

Преку ИПАРД Програмата оваа македонска компанија го модернизира, унапредува и осовременува своето производство. Токму ваквите примери се доказ дека сме на вистинскиот пат. Земја лидер сме во регионот со најголем број на ивестиции и реализирани над 2.000 договори преку ИПАРД 2 Програмата.

Со новата ИПАРД 3 добиваме над 97 милиони евра неповратни средства за нови, модерни и значајни инвестиции за македонското земјоделство. Како министерство ќе продолжиме да ги поддржуваме малите производители за што поголема афирмација и достигнувања и на светските пазари.“, напиша министерот на својот фејсбук-профил.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бигаријајаворниколовски
Претходен напис Во доцна есен се сади сибирската боровинка – Може да издржи температури до -47 ° степени Целзиусови
Следен напис (ВИДЕО) Разговор со Љупчо Јаневски на тема рурален туризам: Да им овозможиме на туристите автентично сместување со европски услови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?