Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ИНТЕРВЈУ со Никица Бачовски: ИПАРД 3 – Нови сектори, зголемени прагови на инвестиции, дозволено производство на енергија и за продажба…
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ИНТЕРВЈУ со Никица Бачовски: ИПАРД 3 – Нови сектори, зголемени прагови на инвестиции, дозволено производство на енергија и за продажба…
Агровести

ИНТЕРВЈУ со Никица Бачовски: ИПАРД 3 – Нови сектори, зголемени прагови на инвестиции, дозволено производство на енергија и за продажба…

Објавено 25/11/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во очекување на повиците од ИПАРД 3 програмата, разговараме со Никица Бачовски, директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Агротим: Во очекување на повици за ИПАРД 3, кажете ни до каде е постапката околу објавување на првиот повик?  

Бачовски: Агенцијата Заедно со целата ИПАРД структура прави максимални напори да добие акредитација од ЕК ДГ АГРИ за имплементацја на ИПАРД 3 Програмата. Ратификуван е Рамковниот договор за имплементација на ИПА 3 а во постапка е потпишување и понатаму ратификација на Секторскиот договор за имплементација на ИПАРД 3. Ова се две основни правни рамки пред да се почне со имплементација на Програмата. Платежната агенција и целокупната структира е спремна во однос на систем за спроведување на програмата со целокупната документација, а по нејзино одобрување/акредитација од Брисел, што се очекува да биде во првиот квартал на 2023, веќе во вториот квартал да се објави првиот повик од ИПАРД 3 Програмата. Ова се индикативни прогнози бидејќи многу фактори не зависат од Агенцијата.  

Агротим: Дали ќе има позначајни измени на Мерките, да ги информираме потенцијалните апликанти на што да обрнат внимание?                            

Бачовски: Позачајни измени воглавно нема, сепак би ги истакнал следните промени кои што треба да се земат во предвид:

  1. Зголемени се праговите на минималните вредности на инвестициите:
    -Мерка 1 од 3000 на 10.000 евра
    -Мерка 3 од 10.000 на 20.000
    -Мерка 7 од 1500 на 5000 евра
  2. Постои можност за авансно плаќање до 50% од прифатливата вредност на инвестицијата по потпишување на договорот со банкарска гаранција од 110%.
  3. Воведени нови сектори:

-Мерка 1 рибарство
-Мерка 3 преработка на риби и рибни производи, сточна храна и фуражни производи, други производи кои произлегуваат од продукти наведени во Анекс 1 од договорот за функционирање на Европската Унија.
-Мерка 7 преработка на алтернативни земјоделски производи (не поддржани од Мерка1 и Мерка3)
Во сите сектори се поддржува производство на енергија од обновливи извори на енергија за сопствени потреби, а во Мерка7 е дозволено и производство на енергија и за продажба.

4. Одобрение за градба потребно е да се достави при аплицирање, одобренијата за градба на градежно земјиште Агенцијата ќе ги превзема електронски додека на земјоделско земјиште потребно е да се достават во хартиена форма во апликацијата.

Агротим: Искуството со ИПАРД 2 покажа дека имаме подготвени апликанти, но и администрација. Дали сте задоволни од динамиката на одобрување, па и реализирање на инвестициите на апликантите?        

Бачовски: Слободно може да се заклучи дека Агенцијата покажа капацитет за спроведување на ИПАРД Програмата, со сите огласи од сите мерки контрактиран е целиот буџет од 60 милиони евра европски средства, а склучени се вкупно 2340 договори.  Голем дел од инвестициите се реализирани, а дел сè уште се во фаза на реализација, вкупно досега се поднесени 2095 барања за исплата, а исплатени се 1964 барања со вредност од 42,136,812.03 евра, односно 33,726,195.94 евра (ЕУ ДЕЛ).

Агротим: Кои беа „тесни грла“ во овој процес на имплементација на ИПАРД, а кои сега ги подобрувате?        

Бачовски: Како тесно грло во спроведување на програмата во рамки на Агенцијата претставува истражувањето на пазарот за одредување на референтни цени на сите ставки предмет на инвестиција. Исто така, големиот број апликации по јавен повик наспроти расположливиот човечки капацитет е значителен проблем, кој претставува ризик-фактор во однос на ефикасноста и ефективноста на спроведување на програмата. Дополнително, покрај целиот обем на работа, Агенцијата е вклучена и во кампањи за публицитет на програмата, подготовка на внатрешни документи за работа, одговор на ревизорски наоди од внатрешна ревизија, ревизија од Министерството за финансии, Ревизорското тело за ИПАРД формирано од ДЗР и ревизија од ЕК.
Исто така, агенцијата прави постојани напори за симплифицирање на процедурата за аплицирање, како и за исплата на средствата. Се трудиме бројот на документи што треба да ги обезбедат апликантите да биде што е можно помал, а наспроти тоа Агенцијата да ги обезбеди по службена линија од институциите.
Во оваа насока, моментално се имплементира проект поддржан од делегацијата на ЕУ за електронско аплицирање, како и за електронска обработка на апликациите во Агенцијата. Се надеваме овој проект да се реализира во 2023 година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ИпардИПАРД3Никица Бачовски
Претходен напис (ВИДЕО) Разговор со Љупчо Јаневски на тема рурален туризам: Да им овозможиме на туристите автентично сместување со европски услови
Следен напис (Интервју) Јаневски: 2023 година очекувам да биде обележана со неколку нови линии, Тел Авив-Скопје, Белград-Охрид од мај 2023, чартер за Сараево или Бања Лука
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?